Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Македонија

Конституиран новиот Совет на Општина Дебар

Совет на Општината Дебар денеска попладне одржа конститутивна седница, која ја отвори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Совет на Општината Дебар денеска попладне одржа конститутивна седница, која ја отвори и со неа претседаваше, највозрасниот советник, Беќир Љата, кој посака успешна работа на новоизбраниот градоначалник и членовите на Советот.

На седницата, најпрво беа верифицирани мандатите на 15 советници, по што, со мнозинство гласови, за претседател на Советот беше избран Африм Кркути, од коалицијата ВРЕДИ. Неговиот избор го поддржаа 13 советници, додека двајца, од НАИ, беа воздржани.

Заблагодарувајќи се на дадената довербна Кркути рече дека ќе работи максимално одговорно, транспарентно и доследно во интерес на сите граѓани.

Реклама

– Функцијата претседател на Совет ја разбирам како можност да придонесам за развој и посветла иднина и просперитет на нашата Општина како и подобар живот за сите граѓани без разлика на политичка, верска, национална и каква било друга определба. Ќе бидам не само претседател на овој Совет, туку ќе се грижам за сите, тука и за оние заедници кои немаат свои претставници во советот, вети тој.

Кркути (59) е дипломиран сообраќаен инженер, дипломирал на Унверзитетот во Загреб, има работно искуство од 26 години, од нив 10 години во Телеком, по 8 години во Македонска пошта и во Општина Дебар.

На седницата присуствуваше и градоначалникот Фисник Меља кој им честиташе на новите советници и истакна дека соработката меѓу извршната власт и Советот е клучна за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и понатамошниот развој на општината.

Во Советот на Општината, 5 советници се од коалицијата ВРЕДИ, двајца од ВМРО – ДПМНЕ, еден од СДСМ, четворица од НАИ и тројца независни советници. Од вкупниот број три се жени.