Реклама
Бизнис

Конкретни владини мерки за подобрување на демографската слика на Македонија

6 Бесплатни ин витро процедури, субвенции за прво и за второ дете…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

6 Бесплатни ин витро процедури, субвенции за прво и за второ дете ,ослободување од персоналниот данок на доход за мајките, Владатa најавува конкретни чекори за зголемување на наталитетот. Се подготвува и стратегија која ќе ја подобри демографската слика, а фокусот  е на младите, односно нивно задржување во Македонија.  Една од мерките која веќе се спроведува е оперативниот план за вработување што најмногу е насочен кон младите до 29 години и според досегашните податоците интересот е огромен. Заменик министерот Ѓоко Велковски вели дека  дури  има и листи на чекање на апликанти кои се пријавиле за местата отворени со Оперативниот план.

Сето тоа можe да го направиме ако има сигурни работни места, добри плати , од судство и обвинителство, па се до тоа да нема листи на чекање во градинките. Започнавме и со конкретни мерки, оперативниот план, детските градинки листите на чекање, повеќе сегменти пред се младите да се чуствуваат сигурни и стабилни во државата, вели Ѓоко Велковски – заменик министер за социјална политика, демографија и млади

Родово одговорните политики се особено  значајни кога станува збор за демографијата .Според последните истражувања голем жените во Македонија се доведуваат во позиција да одберат дали ќе родат дете или ќе градат кариера Познавачите велат дека ова може да се промени така што фирмите би овозможиле одредена флексибилност за младите мајки, онаму каде што дозволува природата на работата. Државната регулатива може да помогне, меѓутоа мора сите чинители да бидат дел од процесот за овозможување подобри услови за живот

Реклама

Многу е важно да има жената да има избор затоа што гледаме по анкетите дека паровите сакаат да имаат деца , прашањето е зоишто не се случува , вели Афродита Шајле – шефица на канцеларијата на фондот за население во Обединети нации

Според официјалните податоци од државниот завод за статистика во изминатите години е забележливо дека се помалку се ражаат деца ..  Во 2024 година во Македонија биле родени вкупно 16.153 деца, во 2023-та  16. 859 , додека пред 10 години во 2015-та година биле родени вкупно 23 260 бебиња.