Реклама

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Македонија

Конференција „Ран почеток, трајни придобивки – градинка за секое дете“

Конференција „Ран почеток, трајни придобивки – градинка за секое дете“, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНИЦЕФ ќе се одржи денеска во Скопје.  Целта на настанот, како што соопшти Министерството, е да се презентираат наодите и препораките од анализата за иновативни модели на финансирање на предучилишното воспитание, како и да […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конференција „Ран почеток, трајни придобивки – градинка за секое дете“, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНИЦЕФ ќе се одржи денеска во Скопје. 

Целта на настанот, како што соопшти Министерството, е да се презентираат наодите и препораките од анализата за иновативни модели на финансирање на предучилишното воспитание, како и да се отвори дијалог за мерките за проширување на пристапот преку диверзифицирани механизми за финансирање и испорака на услуги, земајќи ги предвид и најранливите деца.

Воведни обраќања на конференцијата ќе имаат министер за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија Лесли Милер. 

Реклама

Во рамки на конференцијата ќе бидат презентирани наоди и препораки од анализата за иновативни модели на финансирање на предучилишното воспитание и грижа „Првите години се важни“, по што ќе се одржи панел дискусијата посветена на „Нови модели за проширување на предучилишното воспитание и грижа – Улогата на јавниот и приватниот сектор и можности за меѓусебна соработка“.

Потоа ќе бидат презентирани наодите и препораки за зајакнување на инклузијата во предучилишното воспитание и грижа „Патеки кон инклузија“, по што следи панел дискусијата „Еднакви можности од најрана возраст – Вклучување на децата Роми и децата со попреченост“.

Завршно обраќање на конференцијата ќе има заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Во најавата на организаторите се наведува дека децата кои во првите години од животот немаат пристап до квалитетно предучилишно образование и грижа пропуштаат клучен период за когнитивен, социјален и емоционален развој, кој ја обликува нивната подготвеност за учење. Тоа резултира со долгорочни последици за децата, намален човечки капитал, пониска продуктивност и значителна загуба за развојниот потенцијал на земјата.

Во земјава повеќе од 79.000 деца на возраст од 0 до 6 години не се вклучени во предучилишно образование и грижа. Кај децата на возраст од 3 до 6 години, две од три деца немаат пристап, споредено со просекот во Европската Унија од 95 отсто. Капацитетите на јавните градинки бележат континуиран раст во изминатата деценија, но растот е недоволен за да се постигне националната цел од 65 отсто опфат. Државата издвојува 0,34 проценти од БДП за предучилишно образование и грижа, што е само половина од просекот на ЕУ. Само 7 отсто од децата во градинка одат во приватни установи — додека во ЕУ учеството на приватните даватели на услугата се движи меѓу 15 отсто до 35 отсто.

Со цел да се прошири пристапот до предучилишно образование и грижа и да се обезбеди најдобар почеток за секое дете, сè поголем број европски земји влегуваат во партнерство со приватниот сектор. Притоа јавното финансирање се насочува и кон приватните установи, како и кон работодавачите кои ја обезбедуваа услугата за децата на вработените. На овој начин се зголемуваат можностите да се опфатат повеќе деца, и се диверзификуваат механизмите за финансирање.

-Новите модели за проширување на опфатот мора да водат сметка и за најранливите деца. Исклученоста од предучилишното образование и грижа е особено голема кај децата Роми и децата кои живеат во сиромаштија – помалку од едно од десет деца е запишано во детска градинка. Се проценува дека само околу 20 проценти од децата со попреченост посетуваат градинка. Мерките за приоритизирање на ранливите деца остануваат фрагментирани, недоследно применувани и недоволни за надминување на јазот во опфатот. За да се постигне правично проширување на опфатот, потребни се нови и систематски мерки за отстранување на бариерите со кои се соочуваат најранливите групи, се додава во соопшението.