Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Конференција за регионална соработка и евроинтеграции: во фокус парламентарниот надзор и проширувањето на ЕУ

 Улогата на ефикасниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Улогата на ефикасниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон Европската Унија ќе биде во фокусот на конференцијата „Регионална соработка за интеграција во ЕУ“, што ќе се одржи денсека во Собранието.

Конференцијата ќе почне во 9.30 часот со сесијата „Чувари на реформските процеси: Како да се зајакне парламентарниот надзор врз реформската агенда?“, на која ќе говори Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика, по што е предвидена заедничка дискусија.

Како што е најавено, на сесијата ќе се разгледуваат стратегиите и алатките за зајакнување на улогата на парламентите во земјите од Западен Балкан при следењето на спроведувањето на реформската агенда и поврзаните процеси, со цел реформските заложби да резултираат со конкретен и транспарентен напредок.

Реклама

Во вториот дел од конференцијата, од 11.30 часот, ќе се одржи сесијата „Од документи за јавни политики до реалност: можни сценарија за новиот тек на процесот на проширување“, на која ќе се обрати Александар Андрија Пејовиќ, по што исто така ќе следува дискусија.

Организаторите посочуваат дека на оваа сесија ќе биде даден преглед на актуелните политики и случувања во ЕУ поврзани со можните измени во методологијата за пристапување и нивното влијание врз идниот тек на процесот на проширување.