Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Конференција „Унапредување на изборното учество на жените преку податоци, придобивки и партнерства“

Државната изборна комисија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Швајцарската „Програма за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Швајцарската „Програма за изборна поддршка“ спроведувана преку Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС денеска организираат конференција на тема „Унапредување на изборното учество на жените преку податоци, придобивки и партнерства“.

Како што информираат од ДИК, конференцијата ќе биде посветена на можностите за унапредување на учеството на жените во изборните процеси преку користење на родово-разделени изборни податоци, креирање соодветни политики и мерки и зајакнување на партнерствата меѓу институциите, граѓанското општество, медиумите и меѓународната заедница.

Во рамки на настанот за првпат ќе бидат презентирани родово-разделени изборни податоци од Локалните избори 2025, со осврт на клучните трендови, сознанија и можности за нивно користење во насока на поголемо и суштинско учество на жените во изборниот процес.

Реклама

На конференцијата ќе се дискутира и за политичките и законодавните мерки за зголемување на учеството на жените, меѓународните искуства и добри практики, како и можностите за родово-сензитивно финансирање на изборните кампањи. Посебен панел ќе биде посветен на улогата на граѓанското општество и медиумите во зајакнувањето на жените како гласачки и кандидатки, надминувањето на ограничувањата на изборните квоти, обезбедување суштинска застапеност на жените во процесите на носење одлуки како и родово сензитивното медиумско известување за време на изборите.

На конференцијата ќе се обратат претставници на Државната изборна комисија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадата на Швајцарија во Македонија и Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС, како и претставници на Собранието, граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународни експерти.