Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Конференција „Кога AI ја предизвикува правдата“

Во Скопје денеска ќе се одржи меѓународната научна конференција „When AI Betrays…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје денеска ќе се одржи меѓународната научна конференција „When AI Betrays Law and Justice: Human Rights, Constitutionalism and Democratic Accountability in the Algorithmic Age“. Конференцијата ќе отвори дебата за тоа како забрзаниот развој на вештачката интелигенција влијае врз правото, човековите права, институциите и демократската одговорност.

Организатор на конференцијата е Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во рамки на истражувачкиот проект „Усогласување на македонскиот правен систем со законодавството на Европската Унија за вештачка интелигенција“, финансиран од Министерството за образование и наука на Македонија.

Настанот ќе ги обедини меѓународните говорници, претставници на академската заедница, правни експерти и практичари во дискусија за влијанието на вештачката интелигенција врз човековите права, уставноста, владеењето на правото, регулацијата и демократската одговорност во алгоритамското доба.

Реклама

Програмата ќе биде организирана во два дела. Првиот дел ќе опфати главни говорници и експертски панели за вештачката интелигенција, човековите права, уставноста, регулацијата и демократската одговорност. Вториот дел ќе биде посветен на вештачката интелигенција во Северна Македонија, со фокус на јавните перцепции, корпоративните практики и институционалната подготвеност.

Во рамки на програмата ќе бидат презентирани нови емпириски наоди од Македонија, кои треба да поттикнат поширока стручна и јавна дебата за подготвеноста на државата, институциите, приватниот сектор и граѓаните за одговорна примена на вештачката интелигенција.

Меѓу меѓународните говорници се Јудит Варга, основачки покровител на Central European Academy при Универзитетот во Мишколц, Унгарија; Лаура Каск, извршна директорка на Proud Engineers, консултантска компанија за дигитализација од Естонија; Пол Немиц, поранешен главен советник за стратегии за дигитална транзиција во Европската комисија; и Макс Хубнер, визитинг професор по право на College of Europe во Германија и основач и извршен директор на The Change Lawyer од Холандија.

Во експертските панели ќе учествуваат проф. д-р Лазар Јовевски, проф. д-р Александар Спасов и проф. д-р Бобан Мисоски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, заедно со други професори и експерти кои ќе разговараат за правните и институционалните аспекти на вештачката интелигенција.

Во делот „AI in North Macedonia – Research Team & Expert Contributors“ ќе учествуваат проф. д-р Тања Каракамишева Јовановска, проф. д-р Христина Рунчева Тасев, проф. д-р Драган Гоцевски, доц. д-р Константин Битраков, асист. Катерина Жатева и проф. д-р Владимир Божиновски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, како дел од истражувачкиот тим. Во дискусијата ќе се вклучат и експертски соработници, меѓу кои и Суад Сефери, претседател и основач на AI NOW Society, со осврт на подготвеноста за вештачка интелигенција во Западен Балкан и Северна Македонија.