Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Конечно затворена спортската сала „Нико Нестор“ во Струга, не ги исполниува основните безбедносни стандарди

Влезната врата која е широка само еден метар, буквално е искрешна и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Влезната врата која е широка само еден метар, буквално е искрешна и облепена со картони. Задниот излез со години е затворен со решетки и катинар. Прозорците се искршени, кровот прокиснува на сите страни, секој час или натпревар се одржувал под голем ризик и без рефлектори бидејќи лесно може да настрадаат од струен удар. Учениците раскажуваат дека не ни претпоставувале каква опасност ги демне.

„Не не бевме уплашени, па беше страшно таму. Приметувавте дека кога врне капи долу на подот? Да, да врнеше и имаше вода“ – вели ученик.

Спортската сала градена на државен имот, взаемно ја стопанисуваат средното „Нико Нестор“ и Сојузот на спортови Струга. На салата која се користела скоро 30 години никогаш не бил направен нити технички прием од страна на лиценцирано вешто лице кое утврдува дали таа е безбедена да биде пуштена во употреба.

Реклама

„Таа не е ни доградена, не е ни примена уште. Како не е примена? Па така не е примена бидејќи не е доградена, имаше судски спорови околу земјиштето. Дали вие како претседател на Сојуз на спортови чувствувате одговорност доколку се случеше нешто поради условите во таа сала? Секако, но не се случи ништо“ – вели Ѓоко Чуркоски, претседател на Сојуз на спортови Струга.

„Овде секогаш се одеше со линија на помал отпор, оваа спортска сала е во иста вакава состојба денес и пред да биде затворена, 7 години. Како поставивте сите спортски клубови башка сатови за струја? Тоа е пред да дојдам, јас сум овде од 2003-та, не знам искрено како. Имаме контроло броило, тоа е по закон како вие што сте сопственик на една куќа и сте ги поделиле на спратови“ – вели Владо Ѓоровиќ, тренер на женски К.К клуб „Струга 2009“.

Нејасно е како клубовите поставувале сопствени броила во објект кој не поседува имотен лист бидејќи не се знае кој е сопственикот. Нејасно е на што се трошеле парите кои 6-те клубови ги плаќале на сојузот на спортови за користење на салата, а годишно наминуваат сума од 7.000 евра. Директорката на средното „Нико Нестор“, Кети Јанкоска, крајно безобразно и дрско одби да ни даде изјава, иако е долгогодишен раководител на образовната институција чии ученици ја користеа салата. Таа ќе одлучела на кои медиуми ќе им даде информација.