Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Концерти на дводневната манифестација „Ритамот на чаршијата“

Во старата скопска чаршија денеска и утре ќе се одржат концерти од разни жанрови во рамки на третото издание на манифестацијата „Ритамот на чаршијата“. Како што соопшти Детскиот културен центар „Карпош“, концертите ќе се одржат на плоштадот „Филип Втори – Карпошово востание“ и Музејот на македонската борба. Од  19 часот вечер со македонска изворна музика […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во старата скопска чаршија денеска и утре ќе се одржат концерти од разни жанрови во рамки на третото издание на манифестацијата „Ритамот на чаршијата“.

Како што соопшти Детскиот културен центар „Карпош“, концертите ќе се одржат на плоштадот „Филип Втори – Карпошово востание“ и Музејот на македонската борба.

Од  19 часот вечер со македонска изворна музика ќе  настапи ансамблот Стефче Стојковски, а утревечер од 19 часот концерт ќе одржи Коста Давчевски, млад талентиран класичен гитарист од Србија.

Реклама

-Старата скопска чаршија е најголема на Балканот и е заштитен национален симбол и една од најголемите атракции на Скопје. Целта на „Ритамот на чаршијата“ е да ја заживее чаршијата од еден поинаквов агол, во духот на ритамот. Чаршијата плени со мали дуќани, занаетчиски и верски објекти, чајџилници, ресторани, музеи и амами и е меѓу најпосетуваните локации. Во неа сè уште може да се почувствува минатото, чаршијата сѐ уште живее во духот на традицијата, соопшти ДКЦ „Карпош“.