Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Концертна промоција на новата поетска збирка „Пружини“ од Пијан Славеј

Со концертна промоција вечерва во Скопје ќе биде претставена новата поетска книга…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со концертна промоција вечерва во Скопје ќе биде претставена новата поетска книга од Пијан Славеј, насловена „Пружини“ во издание на „Прозарт медиа“ со поддршка од Министерството за култура и туризам. На настанот ќе свират HOT JAZZ ORCHESTRA заедно со Пијан Славеј.

Петтата поетска книшка на Пијан Славеј, како што вели издавачот, е структурно затегната и аналитички жестока неромантизирана севда. Со камен во џебот што влече кон матна вода, „Пружини“ ги соголува илузиите за вечност, затегнати под притисок, со слобода ограничена од рамката на запченикот. Низ решетките на времето, во „Пружини“ ќе видите чевли што остареле поинаку; плажите се пусти и истинати низ летото што минува непријатно брзо и останува како подвиена страница; лицето видело и сонце и дожд, а усните пред крајот, наместо вода, бараат пат.

-„Пружини“ е дестилирана слика на минливоста и растргнатоста, најзрел поетски ракопис на Пијан Славеј и место каде што за добрата љубов нема лошо гнездо – пишува издавачот Дејан Трајкоски во кусиот оглед поместен во книгата.

Реклама

Пијан Славеј досега има објавено пет поетски книги: „Креветизам и хоризонтала“ (2018), „Срчки“ (2020), „Полиграф“ (2022), „Јазик за двајца“ (2024) и „Пружини“ (2026), сите во издание на „Прозарт медиа“.