Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Коњановски: Најтранспарентната алатка при креирање буџет е партнерството со граѓаните

Најтранспарентната алатка при креирање буџет е партнерството со граѓаните, изјави градоначалникот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најтранспарентната алатка при креирање буџет е партнерството со граѓаните, изјави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски. На денешниот Буџетски форум во Битола, Коњановски посочи дека негувањето на оваа јавна дебата овозможува транспарентност.

-Ние во контакт со граѓаните ги анализираме нивните размислувања и идеи, и ги имплементираме. Со четирите форуми полесно ќе го креираме локалниот буџет, а граѓаните ќе почувствуваат дека се испочитувани и дека нивните идеи се реализираат. Искуствата од минатите години се одлични, интересот е се поголем, а потврда за тоа се вклучените граѓани, граѓански организации, спортски друштва, претставници на културата и други претставници на јавниот живот на градот кои директно учествуваат на овој Форум. Ние како транспарентна општина, и ретка која во континуитет организира Буџетски Форум продолжуваме со негување на оваа важна алатка за животот на градот, истакна Коњановски.

Со првата сесија од Буџетскиот форум, Општина Битола почна и со креирање на буџетот за 2026 година, посочи Рубин Николоски, сертифициран модератор на ЗЕЛС за програмата „Форум на заедниците“.

Реклама

-Општина Битола непоттикната од надворешен донатор реши по четврт пат да спроведе Буџетски форум како најтранспарентна, најодговорна и најефикасна алатка за креирање на буџетот. Тоа е директна демократија и партиципативност на граѓаните во процесот на донесување одлуки. Општината почна со планирање на проектната и буџетската визија и на тој начин граѓаните имаат директно право да предлагаат идеи за ликот на градот, истакна Николоски.

Во изминатиот период низ процесот „Буџетски форум“ во Општина Битола беа предложени, а потоа и реализирани повеќе проекти меѓу кои отворено лизгалиште на Широк Сокак, велосипедски патеки, бајк-парк Смолево, нова урбана опрема на Широк Сокак, отстранување на диви гаражи и урбанизирање на инфраструктурата во градот.