Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Коњаницата од Илинденскиот марш вечерва пристигнува во Велес

Вечерва во 19:00 часот, коњаницата од Илинденскиот марш ќе пристигне во центарот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вечерва во 19:00 часот, коњаницата од Илинденскиот марш ќе пристигне во центарот на Велес, , каде во чест на великаните од Илинден 1903, учесниците и домаќините ќе се поклонат и ќе положат цвеќе пред споменикот на „Коњаникот“ посветен на Велешките војвоци – Илинденци, информираат денеска од Општина Велес кои го организираат нивното пристигнување во Велес.

Од Општина Велес ги повикуваат сите граѓани вечерва да дојдат кај споменикот на „Коњаникот“ во центарот на Велес и да ја пречекаат Коњаницата од Илинденскиот марш.

Тие потсетуваат дека традиционалниот Илинденски марш на Коњаницата ќе заврши на 2 Август во Крушево, на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Реклама

Организатор на Илинденскиот марш е Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978 година” кој и оваа година го организира традиционалниот Илинденски коњанички марш од Скопје до Крушево,со поминување на повеќе населени места: градови и села каде е пречекувана од локалните власти и граѓаните.