Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Комисијата за прашања на изборите и именувањата донесе решение за формирање Комисија за селекција на кандидати за член на Судскиот совет 

Комисијата за прашања на изборите и именувањата едногласно го донесе решението за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за прашања на изборите и именувањата едногласно го донесе решението за формирање на Комисија за селекција на кандидати за член на Судскиот совет, по огласот за избор на член, што го избира Собранието. 

Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски појасни дека согласно Законот за Судски совет, Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, формира Комисија за селекција на кандидати за членови на Судскиот совет. По објавен повик за определување на претставници кои не се од редот на пратениците, Комисијата за селекција е составена од седум члена.

– По еден член предложен од Здружението на судии, Адвокатската комора и од граѓанскиот сектор од областа на владеењето на правото и правосудството предложен од Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како и по двајца пратеници од парламентарното мнозинство и од парламентарната опозиција. Комисијата за прашања на изборите и именувањата достави дописи до релевантните институции за определување на свои претставници кои не се од редот на пратениците, а исто така беа побарани и предлози од координатори на пратенички групи од парламентарното мнозинство и од опозицијата – подвлече Сајкоски.