Реклама
Македонија

Комисијата за политички систем не го усвои Извештајот за работата на Судскиот совет

Оставки наместо годишен извештај требаше да доставите до Собранието. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оставки наместо годишен извештај требаше да доставите до Собранието. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ идентично како на Советот на јавни обвинители побараа распуштање и на Судскиот совет. Довербата која е на статистичка грешка од само два проценти и критиките во сите домашни и странски ивештаи се доволен показател дека овој состав на највисоките тела во правосудството не може да ја донесе правдата која граѓаните ја очекуваат, велат пратениците. Претседателката Весна Дамева пак се правда – единствениот виновник за неажурноста на судовите бил недостатокот на кадар.

  • „Ажурноста на судовите неспорно не е на посакуваното ниво, но за тоа не се виновни судиите ниту Судскиот Совет. Недостатокот на судии кои што е алармантерн особено по донесените измени на ЗРО, е една од сериозните причини со која значително се намали бројот на судии“ рече Дамева.

Вие како Судски совет сте циркус, немате кредибилитет и авторитет да воспоставите правичен судски систем во Македонија, и возврати на Дамева пратеникот Љупчо Пренџов.

  • Вие како Судски совет немате кредибилитет и авторитет да воспоставите правичен судски систем во Република Македонија. Сметав дека после ова што се случува и што го бараат граѓаните на оваа држава дека денес вие требаше да донесете папки во кои ќе беа депонирани вашите оставки, граѓаните ги бараат вашите оставки“, рече Пренџов.

Според Дамева наместо колективна одговорност треба да има индивидуална, иако Судскиот совет колективно ги носи одлуките. Но, пратеникот Бране Петрушевски и возврати дека наместо да има казни, тие се штитат меѓусебно за тендициозното постапување.

Реклама
  • ,,Наместо да се казнат за своите дела, тие често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите. Од друга страна, обичните граѓани се осудуваат за бенигни прекршоци. Оваа нееднаквост е срам за правосудниот систем на Република Македонија“ рече Петрушевски.

За пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ нема оправдување за незаконското постапување и политичкото влијание во одлуките кои ги носи Советот а за тоа признание јавноста слушнала и од самите членови. По дебата од три часа, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците со осум гласа против не го прифати годишниот извештај на Судскиот совет.

https://youtu.be/KmhDBSCYe70