Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Комисијата за избор на судија во ЕСЧП: Нема да ги коментираме ставовите на кандидатите

Комисијата има принципиелен став дека нема да ги коментира изјавите и ставовите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата има принципиелен став дека нема да ги коментира изјавите и ставовите на кандидати кои се пријавиле и учествувале во огласот и во постапката за избор, се вели во реакцијата од Комисијата за избор на кандидати за судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права ЕСЧП, по критики упатени од кандидат кој учествувал на огласот.

Од Комисијата сепак, укажуваат на следниве факти: Прво, воопшто не е невообичаена практика Експертскиот панел во постапката за избор на судии да има забелешки на предлозите за судии, и во таа насока Експертскиот панел во својата практика има досие на враќање на цели листи, или на одредени кандидати од тие листи. Второ, Експертскиот панел во извештајот по поднесената листа немаше никаква забелешка на работата и постапките на Комисијата за избор на кандидати за судија на Македонија во ЕСЧП.

-Конечно, и покрај принципиелниот став, Комисијата сепак смета дека е неприфатливо кандидат кој е незадоволен од работата на Комисијата, нејзината работа да ја квалификува на недостоен начин. Во таа смисла доколку и Комисијата одговори на истиот начин, одговорот би бил дека тој кандидат е подобро да се соочи со срамот за неговата работа, кој е нотиран во извештај на Државниот завод за ревизија, наместо да дава неумесни квалификации за работата на Комисијата – се вели во реакцијата од Комисија за избор на кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права.

Реклама

Постапката за избор на македонски судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), година и пол од почетокот, повторно е вратена чекор назад. Советодавниот панел на експерти при Советот на Европа оценил дека предложената кандидатка Ана Дангова Хуг не ги исполнува во целост критериумите за судија во Стразбур, по што македонската комисија предложила ново име.

На местото на Ана Дангова Хуг е предложена адвокатката Јелена Ристиќ, потврдил за Телма, претседателот на Уставен суд кој е и претседател на комисијата.

Одлуката Ристиќ да биде предложена била донесена едногласно на седницата на Комисијата одржана на 20 август, откако Министерството за надворешни работи ја известило Комисијата за забелешките на експертскиот панел на Советот на Европа.

Првата комисија ги предложи судијката Габриела Гајдова, обвинителката Ленче Ристоска и адвокатот Јордан Апостолски. Пред листата да биде испратена до Советот на Европа, беше формирана нова комисија, предводена од претседателот на Уставниот суд, во која членуваат и претседателите на Врховниот, Кривичниот и Граѓанскиот суд, како и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители.

Во ноември минатата година новата комисија ги предложи Јордан Апостолски, адвокатката Наташа Бошкова и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Сашо Георгиевски. Во мај годинава стигна нова промена. Апостолски беше заменет со Ана Дангова Хуг, која стана третопредложена кандидатка.

Во меѓувреме, македонскиот судија во ЕСЧП Јован Илиевски, чиј мандат требаше да заврши на почетокот на годинава, останува на функцијата до изборот на негов наследник.