Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Комисијата за политички систем разгледа и проследи на натамошна постапка четири предлог-закони

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница разгледа четири предлог-закони: Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Македонија, Предлог законот за изменување […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница разгледа четири предлог-закони: Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Македонија, Предлог законот за изменување на Законот за судовите и Предлог законот за дополнување на Законот за договорен залог, поднесени по скратена постапка од пратеници од владејачкото мнозинство. Комисијата даде поддршка дека предлог-законите се прифатливи и ги проследи на натамошно читање.

Целта на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, е обезбедување услови за поголема ефикасност  и економичност во работењето на Агенцијата за управување со одземен имот, од една страна, а од друга страна се овозможува надминување на сите сериозни предизвици со кои се соочуваат сите засегнати субјекти во врска со предметните прашања. Со предложените измени и дополнувања, како што се посочува во образложението објавено на собраниската веб-страна, се овозможува поефикасно управување со одземениот и конфискуваниот имот, намалување на финансиските трошоци на Агенцијата за управување со одземен имот и попрецизно уредување на постапките за процена, продажба, отстапување и закуп.

Со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Македонија, де допрецизираат постојните одредби од Законот за Судскиот совет, во делот на престанок на мандатот и постапката за разрешување на претседателот, односно заменик претседателот. Се врши допрецизирање и на одредбите со кои се уредува постапката за избор на член на Советот од страна Собранието на Македонија, како и во делот на постапката за оценувањето на работата на судијата. Со предложените законски решенија ќе се доуредат престанокот на мандатот и постапката за разрешување на претседателот, односно заменик претседателот на Судскиот совет, допрецизирање на одредбите за постапката за избор на член на Советот од Собранието, како и поедноставување на постапката за оценувањето на работата на судијата. За Предлог-законот беа поднесени вкупно осум амандмани од пратениците Соња Мираковска, Сали Мурати и Моника Зајкова, кои беа отфрлени од овластените поредлагачи.

Реклама

Со Предлог законот за изменување на Законот за судовите се дава законска можност за зголемување на старосната граница за избор на судии–поротници од 60 на 67 години, со што се придонесува кон обезбедување  непречено и ефикасно функционирање на судските совети, се зајкнува  кадровската стабилност, континуитетот во работењето на судовите и ефикасноста во спроведувањето на судските постапки. За Предлог-законот беа поднесени четири закони од пратеникот на „Европски фронт“ Сали Мурати, кои беа отфрлени од овластените поредлагачи.

Целта на Предлогот законот за дополнување на Законот за договорен залог е појаснување и проширување на правниот опфат на предметот на залог, со цел експлицитно препознавање на нематеријалните средства како посебна и самостојна категорија. Со предложеното законско решение: се врши прецизирање на поимот на предмет на залог, преку јасно наведување на нематеријалните средства и се овозможува усогласување на законот со современите економски текови и деловни практики, каде нематеријалните средства имаат се поголемо значење.