Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите не спровела надзор над ОТА поради недостиг од кадар и технички експерти

Собраниската Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите во 2025 година не спровела надгледување над овластените органи, ниту над операторите и Оперативно‑техничката агенција (ОТА), покажува годишниот извештај за 2025 година, кој членовите на Комисијата денеска го усвоиja и го доставиja до Собранието.

Комисијата во текот на минатата година одржала четири седници, но, според извештајот, поради некомплетен состав и недостиг на ангажирани технички експерти, не располагала со технички можности за да изврши надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите. 

Во извештајот се наведува дека Комисијата во 2025 година одржала четири седници – втората на 20 февруари, третата на 12 март, четвртата на 14 април и петтата на 7 јули. На седниците се разгледувале годишни извештаи, финансиски планови и материјали поврзани со работата на ОТА и на Јавното обвинителство, но не бил спроведен надзор врз ОТА, иако тоа е една од клучните законски надлежности на Комисијата. 

Реклама

Во извештајот се појаснува дека Комисијата не спровела надзор поради тоа што составот ѝ бил некомплетен, а постојано ѝ недостигале технички експерти. На јавниот повик за ангажирање двајца експерти се пријавил само еден кандидат, кој не ги исполнувал критериумите за избор. Поради ова, Комисијата не располагала со техничка поддршка за анализа на документацијата, проверка на системите и вршење теренски проверки во ОТА. 

Во заклучокот од извештајот Комисијата укажува дека недостигот на кадар и техничка поддршка значително го ограничил нејзиниот капацитет да го извршува парламентарниот надзор, кој е од суштинско значење за контрола врз спроведувањето на мерките за следење на комуникациите и за заштита на правата на граѓаните.