Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Комеморативна седница во Собранието за годишнината од трагедијата во Кочани

Македонија и Кочани не изгубија само синови и ќерки, тие ја изгубија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и Кочани не изгубија само синови и ќерки, тие ја изгубија иднината – порача собранискиот спикер Африм Гаши на комеморативната седница во Собранието по повод годишнината од трагедијата во Кочани. Тој побара од правосудните органи професионално да си ја завршат работата бидејќи само правдата и вистината можат да донесат мал спокој за семејствата и за општеството. Гаши порача дека трагедиите не смеат да се злоупотребуваат за политички поени и да прават раздор, туку се моменти на сплотеност и хуманост. На седницата беа претседателот на Владата, шефицата на државата, речиси сите министри и рпатеници, отсуствуваше само лидерот на СДСМ Венко Филипче.

„Правдата е поважна отколку што замислуваме. Затоа е суштински важно Обвинителството, судовите, МВР и сите истражни органи – да работат во овој процес со професионализам, независно и целосно транспарентно. Правдата не треба да биде ниту пребрза поради политички ефект, ниту пак, задоцнета. Само правдата и вистината можат да донесат мал спокој за семејствата и за општеството. Ги охрабрувам институциите на правдата својата работа да ја извршат професионално и овој предмет точно да ги адресира грешките и виновниците за оваа трагедија“, рече Гаши.

На седницата беа присутни и родителите на жртвите. Дел од нив беа незадоволни и искоментираа зошто во говорот на Гаши не се споменати со име и презиме нивните деца.

Реклама

Владата во наредните денови ќе организира и конференција на која учество ќе земат сите надлежни институции, медицинари од дома и од земјите кои ги примија повредените, претставници од меѓународниот фактор, како и сите оние помогнаа ов процесот на зазадрувањето на повредените.

По трагедијата се отворија неколку судски постапки. Веќе има две активни судења во кои се судат сопственикот на локалот и членови на семејството, поранешни инспектори, директори, градоначалници и министри, како и полицајците кои вечерта биле на лице место и биле задолжени за работата и безбедноста на дискотеката.

Во чест на жртвите во Кочани и Штип ќе се прогласи тридневна жалост. Во Кочани е организирана тридневна програма за одбележување на годишнината од трагедијата која ја организираат Општина Кочани и родителите на загинатите деца.