Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Колку загадува „Дрисла“?  – Граѓаните реагираат, раководството на депонијата молчи

Колкаво е загадувањето од депонијата Дрисла, дали се работи по стандарди, дали…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Колкаво е загадувањето од депонијата Дрисла, дали се работи по стандарди, дали се оправдани сомнежите во јавноста дека се третира небезбеден отпад?

Граѓаните со години се жалат дека од согорувањето во Дрисла немаат чист воздух, особено оние кои живеат во блиските населени места. Велат дека нивите и производите им се загадени, и токму поради ова неодамна имаше и протест пред портите на депонијата. Невладините организации алармираа дека  поради несоодветно управување со депонијата, имало драстично влошување на здравствената состојба на жителите на село Батинце и околината.

Во телефонски разговор за Алфа од Дрисла кажаа дека веќе не се горело медицински отпад, само мала количина на некои лекови.

Реклама

Нашата редакција се обиде да добие одговори од јавното претпријатие со кое стопанисува Град Скопје, пред се за тоа до каде е процесот за набавка на нова модерна опрема за депонијата, но до емитување на овој прилог одговор нема

Алфа се обиде да добие одговори од претпријатието за тоа до каде е процесот на модернизација, што преземаат како мерки против загадувањето, дали имаат мерна станица, меѓутоа иако беше договорена изјава, истата беше откажана без да се наведе причина зошто

На страницата на јавното претпријатие постои база на мерења за влијанието врз воздухот . Според истите, пишува дека минимално е количеството на штетните пм 10 и пм 2.5 честички  на метар кубен во воздухот.

Од министерството за животна средина велат дека Дрисла е регионална депонија и унапредувањењто е на сите општини заедно со градот Скопје

Инаку, депонијата е лоцирана на само 14 км од центарот на градот Скопје. Во изминатите 26 години исполнета е со 55 % од вкупниот капацитет со депониран комунален отпад .