Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Занимливости

Колку варени јајца се безбедни за јадење дневно? Еве што велат експертите

Велигден е ден на духовна радост и семејна трпеза, а варените јајца…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Велигден е ден на духовна радост и семејна трпеза, а варените јајца се неизоставен дел од празничната традиција. Сепак, стручњаците потсетуваат – умереноста не значи одрекување, туку грижа за сопственото здравје и добросостојба.

„Едно јајце за кршење, едно за појадок, можеби уште едно во салата – и тоа е сосема доволно,“ велат нутриционистите, нагласувајќи дека празникот може да се прослави и без претерување, киселини и мачнини.

Јајцата се навистина хранлива намирница – богати со висококвалитетни протеини, витамини Б12 и Д, железо и здрави масти. Средно варено јајце содржи околу 70 калории и приближно 200 мг холестерол, што е важно за луѓето кои имаат проблеми со срцето или жолчното кесе.

Реклама

Според Светската здравствена организација и бројни нутриционисти, здрав возрасен човек може да конзумира 1–2 јајца дневно без здравствени ризици, се додека има избалансирана исхрана и активен начин на живот.

Но за време на празниците, кога масата е полна со храна, експертите предупредуваат – внимавајте со количината. Три до четири јајца во еден ден се горната граница која не треба да се надмине, особено ако јајцата се дел од богат и калоричен ручек.