Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Колефски: Преспа нè обединува не само географски, туку и преку историјата, културата, одговорноста

Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски осврнувајќи се на деновиве одржана средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски осврнувајќи се на деновиве одржана средба со неговите колеги од Преспанскиот регион оценува дека Преспа обединува од повеќе аспекти.

– Преспа нè обединува не само географски, туку и преку историјата, културата и одговорноста што ја имаме да го зачуваме ова уникатно богатство. Регионалната соработка останува клучна за градење побезбедна и поразвиена иднина за целиот наш регион, нагласува тој.

Изразувајќи задоволство од учества на „Вториот форум за развој на Преспа“, важен прекуграничен форум што се одржал во Претор, Македонија, каде што претставници од Албанија, Грција и  Македонија се сретнале за да разговараат за предизвиците и перспективите за развој на регионот Преспа.

Реклама

-Како претставник на општина Пустец, имав можност да ги споделам нашите ставови и приоритети за одржлив развој на областа. Посебен  акцент ставив на заштитата на Преспанското Езеро, развојот на туризмот, поддршката на локалните земјоделци и јакнењето на нашите заедници, посочува Колефски.

Форумот е организиран во рамките на проектот „Преспа се среќава со хоризонти: Истражување на неизгазени патеки за одржлив развој“, финансиран од Европската Унија преку програмата „ЕУ за Преспа“. Има за цел да создаде посилни мостови на соработка меѓу земјите од регионот и да промовира конкретни иницијативи за економски, социјален и еколошки развој на Преспа.