Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

🎥 Кој ќе работи и ќе го развива македонскиот туризам? – На факултетот во Охрид нема интерес за упис

Стожерот на туризмологијата- најстариот факултет за туризам на Балканот лоциран во Охрид…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стожерот на туризмологијата- најстариот факултет за туризам на Балканот лоциран во Охрид кој 5 децении продуцира кадри, годишно запишувајќи и по 800 студенти, сега од петни жили се обудува да ги задржи и мотивира идните академски граѓани.

Тоа се должи пред се на отворањето на голем број приватни но и државни универзитети.Има над 20 приватни универзитети кои што работат со разни студиски програми,потоа има универзитет за туризам и менаџмент во Скопје,а на 5 други се отворија факултети за туризам и гастрономија.

На Битолскиот универзитет се изучува туризам,на штипскиот има катедра за туризам и бизнис логистика,потоа на економскиот факултет во Тетово има студиска програма за туризам, дури и на ПМФ во Скопје има туризам. И како капак на се’ има голем број на дисперзирани студии низ целата држава кои што до ден денес фунцкионираат, иако своевремено имаше предлог истите да се укинат.

Реклама

–“Отварањето на дисперзираните студии ќе ни се врати страшно како бумеранг.Ако анализирате нема ниту во една земја која што гледа и држи до квалитетно образование ваков бум на дисперзирани студии.Се отворија да не споменувам колку државни универзитети, а да не зборувам колку приватни универзитети.За сето тоа треба понатаму да се направи една длабока анализа и една длабока ревизија” -вели д-р Деса Косаркоска,универзитетски професор

Во едни вакви услови,општ е впечатокот дека секој се запишува онаму каде што ќе може полесно да заврши, а не онаму каде што ќе добие навистина квалитетно образование.

 “Еден неквалитетен кадар кој што ќе излезе и кој што ќе седне на одредено работно место со низа одговорности и донесени низа одлуки кои што не подлежат на добри знаења и сознанија и не соодветствуваат со она што треба да се донесе како правилна одлука има далекусежни последици”-вели Косаркоски

”Во ова време кога навистина уписот на студенти е драстично опаднат, кога туризмот и гастрономијата се студираат на многу други институции во државата, во минимум 5 дополнителни институции има вакви студиски програми, веќе се соочуваме со една нелојална конкуренција”-вели проф.д-р Климент Наумов од Факултетот за туризам во Охрид

За да се вратат работите во колосек, треба да се направи една поширока национална стратегија за развој на образованието, сугерираат универзитетските професори. И во едно вакво турболетни време,сепак успехот на студентите говори дека факултетот за туризам станува препознатлив посебно на гастономски план и дека може да го зголемо интересот за студирање и да продицира кадри кои потоа би останале во Охрид,а не со празен стомак да бараат работа во странство.