Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Бизнис

Кој го штител Kовачевски? – уште во 2021 година му била поднесена кривична за поткуп, но се чувала во фиока

Кривична пријава за Васко Ковачевски била поднесена уште во 2021 година, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривична пријава за Васко Ковачевски била поднесена уште во 2021 година, но не се постапило по истата, тврди суспендиранот виш обвинител Мустафа Хајрулахи. Според него,  имало јасна кривична пријава во која е наведено дека директорот на ЕСМ барал поткуп од 250 илјади евра, но предметот само се влечкал низ лавиринтите на обвинителството за гонење одрганизиран криминал и корупција и се донело решение за отфрлање,  без било што некој да преземе и да истраж,  иако се давале јасни напатсвија.

Обвинителот го чува предметот извесен период, потоа оценува дека нема елементи на кривично дело си носи решение за отфрлање , се поднесува жалба и предметот стига кај нас во вишото јавно обвинителство Даваме напатствија што да се направи но нема, не се постапува, вели Мустафа Хајрулахи –  суспендиран виш обвинител

Со непостапувањето по кривичната пријава, практично му се давало време на Ковачевски и тоа од цели три години, да си скрои план за спас. Според Хајрулахи тоа што не се постапува по вакви крупни предмети, особено кога во прашање е функционер и државни пари, тоа веројатно е по директива на Републичкиот обвинител .

Реклама

Според последниот развој на настаните пак Обвинителство не побарало притвор за екс директорот на ЕСМ. Според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ова е зачудувачки и јавно побара објаснување од обвинителите.

„Навистина малку сум вчудовиден како за лице коешто е недостапно на органите на прогонот, а притоа е вклучено во криминал од отприлика првично шест и пол милијарди евра, Јавното обвинителство не побара притвор само за него, а за сите други кои се поранешни функционери побара и се моментално во притвор. Навистина не ми е јасно, особено имајќи предвид дека првично во јавноста се шпекулираше дека за таков тип на кривично дело не може да се побара најстрога мерка што како факт е неточно“, изјави Тошковски.

 Од обвинителството се оправдаа дека  немало доставно документ дека осомничениот е недостапен на органите на прогонот. Од таму посочуваат дека во мометот кога ќе добиеле известување дека осомничениот е недостапен на органите на прогонот, надлежните јавни обвинители ќе постапат согласно законските надлежности во поглед на мерките за обезбедување.