Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Kој е следен: Протест во Скопје по загинувањето на Фросина

Под слоганот “Не како поединец-туку како заедница” денес граѓаните излегоа на протестен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под слоганот “Не како поединец-туку како заедница” денес граѓаните излегоа на протестен марш во главниот град. Од универзална сала, преку владата, маршот продолжи кон собрание а заврши пред апелациониот суд. На протестот покрај семејството на загинатата Кулакова, присутни беа и други семејства кои загубили свои блиски  и со години чекаат  пресуди.

Сестрата на Фросина, Росица Куалкова апелира нејзината сестра да не биде злоупотребена за правење на ситни политички поени. Таа порачкаа дека бара правично и фер судење и казна на сторителот на делото Васил Јованов.

,,Протестираме за подобра правда, правичност, промена на системот, но бараме и да не се злоупотреба несреќата на мојата сестра за ситни политички поени,, изјави Росица Кулакова.

Реклама

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков нагласи дека од страна на надлежните институции, вклучително и владата се преземени  сите правни чекори , но истакна дека протестите се со една цел, да се спречат понатамошни несреќи и губење на човечки животи.

,,Од страна на владата и владините институции, многупати кажав дека е направено се, и многу сум благодарен, но протестираме за правда, протестираме да нема нови жртви,, изјави Тодор Кулаков.

Инаку, серијата протести доаѓаат откако на 29 јануари Васил Јованов кој возел без возачка дозвола и под дејство на алкохол на пешачки ја усмрти Фросина. Имено, на Јованов му е изречена мерка притвор, а од страна на надлежните се заострени контролите на сообраќајниците а во собранието се иницираше и јавна расправа на која министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави измени во кривичниот законик, односно делот за кривични прекршоци.