Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Кочоска: Повеќе учество, повеќе демократија, за една повеќе е платформа која треба да отвори повеќе простор за нови идеи и поголемо учество во политиката

Платформата „Повеќе учество, повеќе демократија, за една повеќе“ е платформа која треба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Платформата „Повеќе учество, повеќе демократија, за една повеќе“ е платформа која треба да отвори повеќе простор за нови идеи, поголемо учество во политиката, но и во креирањето на иднината на нашата Македонија, рече Елена Кочоска, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, на панел дискусијата насловена „Улогата на политичките партии во демократското учество, во рамките на првата политичка платформа по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември во организација на УЖ.

Таа додаде дека живееме во многу комплексно време, во време на исклучиво брзи технолошки, политички, економски и општествени промени, се менува начинот на кој работиме, учиме, комуницираме и со тоа се менуваат и очекувањата на граѓаните, но сепак мораме да бидеме свесни дека со вчерашните инструменти, не можеме да одговориме на утрешните предизвици.

„Затоа, современата политичка култура мора да има способност да се приспособува, но тука постои една многу важна граница. Флексибилност во политиката да, флексибилност во вредностите, не. Вредностите мора да бидат нашиот компас, нашиот стожер, но не е доволно сепак само да кажеме дека ние веруваме. Вредностите имаат вистинска смисла само тогаш кога ќе ги претвориме во дела“, потенцираше Кочоска.

Реклама

Кочоска додаде дека денес информацијата ја има насекаде, затоа и вистинската предност не е да имаме многу информации, туку да знаеме кои се важни, што да направиме со нив и како јасно да ја пренесеме пораката.

„Оттука и современата политичка култура бара отвореност и дијалог, подготвеност да ги слушнеме оние што размислуваат поинаку, да им дадеме простор на новите идеи. Различните ставови и искуства да ги претвориме во решенија, затоа што во еден момент мора да донесеме одлука, а одлуките да ги претвориме во крајни резултати. Зрелоста на една политичка култура не се мери само според бројот на истомислениците, таа се мери според тоа колку успешно ги поврзува различностите околу заедничката цел“, истакна Кочоска.