Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Кочан зима за најсиромашните- со пет деца, без работа и сиромаштија

Луѓе и чудни судбини, кои си поигруваат со мачната и оловна живеачка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Луѓе и чудни судбини, кои си поигруваат со мачната и оловна живеачка во денешно време- невреме. Отприлика, вака би го започнале описот на самјачењето на едно седумчлено битолско семејство, со пет дробни дечиња на возраст од две до десет години, ставено во безизлез поради сиромаштија во која не се знае кога ќе има леб на празната трпеза.

Ериса и сопругот Џемаил Ертемоски, кој кратко поработи во РЕК “Битола“ преку ДООЕЛ- фирма, пред еден месец мораа да се селат и дојдоа под кирија во еднособно станче на битолската периферија, а освен облеката и покривки, немаат ништо друго. Но, среќата траеше кратко, а Џемо остана без работа. Сега се на бришан простор, соочени со мракобесието на стварноста.

-Од Корча сум и десет години како сум мажена тука, со овие четири деца и големото чупе што е на гости кај сестра ми. Тешко е, скапи се струјата и киријата. Девет години бевме во друг стан и тука сме еден месец. Дојдовме пред Нова година, а кај кулите гздата го продаваше станот и не изваде среде зима. Земам дечки додаток, еве два месеца зедов по 1. 200 денари и сег аправам документи за училишноот образовение, а пет месеци чекаме и уште не е дојдено- рече мајката ериса.- Таму работев кај лентите и багерите и ги чистевме два месеца и после тоа останав дома. Сега, ништо дома сум- рече со тежок говор таткот Џемаил.

Реклама

Но, сиромаштијата и очекувањето вистински одговор од институциите не се најголемиот проблем за ова семејство. Дури четворица од Ертемовци речиси и да не можат да зборуваат – покрај Џемаил, уште три деца за кои е потребно посебно образование и помош од логопед. При денешната посета на втор ден Божиќ, екипата на АЛФА ги даруваше со колачи, сок и кафе за родителите, но децата радоста не можеа да ја искажат со зборови.

-Трите деца не можат да зборуваат убаво. Тоа е најголемата мака за мене- вели таткото. – Мажот ми имаше проблем од девет години и не зборуваше, оти му ги згрешија инекциите. Сега, двете деца не можат да зборуваат и големата ќерка. Таа почна да зборува, ама помалите воопшто не- рече Ериса

И што уште да се каже, освен што покрај гладот, во ова семејно гнездо остана само надешта. Од Центарот за социјална работа во Битола, веднаш стапија во контакт со мајката Ериса и ја очекуваат за десет дена, кога престануваат законските пречки за социјалните парични пакети кои може ова семејство да ги добие- од социјална помош, детски додаток, образовен додаток и други посебни додатоци, а немоќните деца допрва ќе се радуваат на специјалното образование, со кое, можеби ќе им се врати моќта на говорот.

Петар Стефановски