Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Прилози

Коалицијата е сигурна: Нема да има владина реконструкција пред локалните избори

Владината коалиција е сигурна, нема да има реконструкција пред локалните избори, порача…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владината коалиција е сигурна, нема да има реконструкција пред локалните избори, порача премиерот Христијан Мицкоски. Последниов период одредени медиуми објавија дека е возможно да има промена на министерски позиции, но премиерот ги демантира овие информации. Вели односите во коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди се одлични.

-(Дали пред локалните избори се предвидува реконструкција на Владата?) Не. (Какви се односите со коалицијата „Вреди“?) Коалициски одлични, изјави Мицкоски.

Се поголеми се шансите дека коалицијата „Вреди“ заеднички ќе настапи на локалните избори, како и дека е можно тие да се претопат во една партија. Според вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, сите во коалицијата се за спојување, освен Арбен Таравари, кој сеуште имал дилеми како да делува во иднина.

Реклама

-Деновиве разговараме да сите сплотени политички субјекти што се во рамки на коалицијата да се претвроат и да се претопат во ВЛЕН, како политичка партија која што ќе ги претставува, како опција ќе ги претставува Албанците на локалните избори. Значи сите други немаме дилеми, единствениот кој што има дилеми и гледа како можна опција соработка со ДУИ е господинот Таравари, изјави Меџити.

Таравари е на ставот дека спојувањето на коалицијата во една партија е добра опција, но неговата партија се уште не добила никаква понуда, а доколку истата стигне отворени се разговори. Министерот за здравство потенцираше дека немал никакви разговори со ДУИ за заеднички настап на локалните избори. 

-Ми се допаѓа идејата, дека се согласиле Самоопределување, движењето господин Меџити, Алтернатива и Беса да се спојат, супер е тоа, нас ни се допаѓа таа идеја, нека продолжат што побрзо да се спојат. Ние како Алијанса за Албанците уште не сме примиле таква понуда од нив, меѓутоа тие биле усогласени и ми се допадна оваа идеја, а ние како Алијанса ќе разгледаме, изјави Таравари.

По реизборот и добиениот четиригодишен мандат како лидер на СДСМ, за локалните избори почна да размислува и Венко Филипче. Сега ќе започнеле со анкети со цел да ги изберат кандидатите за градоначалници и советници во општините. Претседателот на социјалдемократите вели дека барем засега за заеднички изборен настап, немале никакви разговори со ДУИ, партијата со која седум години сложно ја делеа власта.

Матеја Петровски