Реклама

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Македонија

Клековски: Нов сет на услуги со мултидисциплинарниот кабинет за дојка и новата лабораторија во штипската болница

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска го посети мултидисциплинарниот кабинет за дојка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска го посети мултидисциплинарниот кабинет за дојка во рамките на Клиничката болница – Штип. Клековски при посетата рече дека речиси 1.000 жени годишно заболуваат од оваа болест. 

– Во месецот во кој се обидуваме да ја подигнеме свесноста за борба против ракот на дојката, еден од најчестите канцери, речиси 1.000 жени годишно добиваат рак на дојка и тоа претставува значаен здравствен проблем за жените и за општеството. Меѓутоа, тука сум да ги видам и новите услуги кои се воведени во Клиничка таболница, новата лабараторија, новиот сет на услуги, а веќе наредната недела ќе најавиме и нови услуги на Неврологија. Целта ни е на таа нова зграда што ќе се гради да почнеме да ѝ даваме содржина бидејќи здравството не го чинат зградите, го чинат луѓето и нивната работа – истакна Клековски.

Директорот на Клиничката болница – Штип, Владко Захариев, информира дека е формиран мултидисциплинарен кабинет за дојка со цел пациентките побргу и поефикасно да добијат преглед и конечна дијагноза. Во него ќе работат специјалисти од повеќе области, а предвидено е тимот дополнително да се прошири со психијатри и психолози. 

Реклама

– Ја реализиравме идејата што беше дадена до Клиничката болница – Штип по повод реализација на т.н. розов октомври или месецот за борба против ракот на дојка. По добиените информации што ги имаме, во Клиничката болница – Штип, координирано со специјалистите што работат овде, успеавме да креираме еден мултидисциплинарен кабинет за дојка, кој ќе биде еден регионален кабинет за пациентите што имаат веќе некоја патологија на дојките за да може побргу и поефикасно да добијат преглед и конечна дијагноза. Во овој кабинет има повеќе специјалности, тоа ќе бидат рендгенолози, хирурзи, онколози, патолози и понатаму ќе ги прошириме со психијатри и психолози – рече Захариев.

Рендгенологот во Клиничката болница – Штип, Габриела Димова, истакна дека целта на мултидисциплинарниот кабинет е да се намали времето на чекање за пациентките и да се обезбеди побрза и поефикасна дијагностика преку координиран пристап на повеќе специјалисти. 

– Целта на овој кабинет ќе бидат жените што имаат некаква маса и се упатени од пластичен хирург да можат побргу да закажат за биопсија, со тоа што времето на чекање ќе биде скратено значително многу, нема да бидат упатувани во кабинет за дојка, туку директно ќе бидат во овој мултидисциплинарен центар. По упатувањето на биопсија, таа ќе биде изведена бидејќи овој кабинет ќе функционира заедно со патолог, онколог, пластични хирурзи. Работното време е секој ден од понеделник до петок, со закажување – изјави Димова.