Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Клековски: Исплатата на породилните отсуства и капитациите е редовна

Нема застој во исплатата на породилното отсуство – тврди првиот човек на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема застој во исплатата на породилното отсуство – тврди првиот човек на Фондот за здравство. По жалбите од неколку мајки дека надоместокот за породилно отсуство доцни по 30 дена, Клековски демантира и уверува дека парите се исплаќаат континуирано, а причината за евентуалните задоцнувања, не се до фондот туку до работодавачите кои доцнат со пријавите или со исплатата на плати. Од Фондот информираат дека најголемиот дел од парите се исплаќаат од 10 до 20 секој месец, а процесот продолжува до крајот на месецот. За ноември веќе се исплатени над 6.600 породилни отсуства.

Во однос на дефицитот на тумор-маркери на Клиниката за онкологија – проблем кој трае со месеци – Клековски смирува дека нема простор за паника кај пациентите. Појасни дека овие испитувања може да се прават и на други клиники и во здравствените домови ширум државата.

На брифингот со новинарите, директорот Клековски потенцираше дека Фондот за здравствено осигурување ги исплаќа навремено капитациите на матичните доктори во предвидениот рок од 60 дена и дека нема никакво задоцнување. Исплатата за ноември, во износ од 493 милиони денари, е во тек, а зголемувањето од 33% на капитациите е целосно реализирано.