Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Клековски: До крајот на месецот 30.000 вакцини против грип, 26.000 вакцини во ноември, а ќе се обезбедат и други количини

Направивме вонредни напори во соработка со одредени земји и директна комуникација со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Направивме вонредни напори во соработка со одредени земји и директна комуникација со еден од европските производители и овој месец и во ноември ќе имаме обезбедено 56.000 вакцини за сезонски грип од планираните 80.000 вакцини. Од 56.000 вакцини за сезонски грип, 30.000 треба да пристигнат наредните 10 дена, а 26.000 околу 15 ноември. Количините што ќе ни бидат потребни за октомври и за ноември ќе ги имаме тука достапни – изјави денеска министерот за здравство, Сашо Клековски.

​Вообичаено, потенцира, вакцинацијата последните три сезони сме ја почнувале во периодот од 16 до 25 октомври и со тие 56.000 вакцини ќе може да ја почнеме вакцинацијата во оваа рамка, најдоцна до крајот на октомври. Тој рече дека следните денови ќе работат и на надминување на проблемот со пријавувањето за вакцинација.

– Во однос на сезонскиот грип, исто така вчера објавивме дека во основа, поради доцнење на објавата на СЗО за соевите со кои ќе се вакцинира за сезонски грип оваа година, се доцнеше со постапките во целиот свет. Сите три соја во сезонскиот грип се нови соеви, што значи дека производителите во Европа и на другите места почнаа со задоцнето производство. Во Македонија ние повиците вообичаено ги објавуваме во периодот јуни – август по објавувањето на соевите, со тоа што на годинешниот повик не се јави ниеден производител или дистрибутер. Значи, оваа година повикот беше неуспешен и таква ситуација има во повеќе земји во регионот – рече Клековски. ​

Реклама

Во врска со извештајот на Државниот завод за ревизија дека во основа сè уште нема одржување на „Мој термин“, појасни Клековски, во соработка со одржувачот, модулот за пријавување за вакцинација ќе биде активиран во наредните денови и тоа ќе овозможи да почне пријавувањето и истовремено течат подготовките за 25 октомври да почнеме со вакцинација против сезонски грип.

Тој истакна дека во меѓувреме работат да се обезбедат другите количини вакцини до планираните 80.000, бесплатни вакцини за ризичните групи и се надева дека ќе ги обезбедат во временската рамка ноември – почеток на декември кога сè уште е оптимално за вакцинација.

– Сè што ќе се вакцинира пред главната сезона на грип во јануари и февруари е во ред. ​Во моментот, според податоците што ги имаме, немаме заболени од грип. Имаме респираторни вируси, кои се во моментот активни, меѓутоа нема грип. Доколку пред да почнеме со вакцинација се појави ризик од грип, ние сме подготвени со план Б кај високоризичните групи да се применува превентивна терапија и третман против грип. Меѓутоа, очекувам дека ќе биде навреме сè тоа направено – додаде Клековски.