Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Кичево пред еколошка катастрофа: Дива депонија го загрозува животот на граѓаните

Кичево пред еколошка катастрофа,граѓаните се гушат во неподнослива реа која се шири…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кичево пред еколошка катастрофа,граѓаните се гушат во неподнослива реа која се шири од дивата депонија лоцирана сред град.Кичевчани тврдат дека таа зачестено гори и ги труе и не само тоа стравуваат и од ширење на зараза,од глодарите кои се појавувале.Иако во повеќе наврати бевме убедувани од локалната власт дека оваа локација е само привремена и дека проблемот со одлагањето отпад ќе биде решен за краток период,тоа не се случи, велат жителите.

Ние сеуште не гледаме дека работата е поместена од нулта точка,напротив дури сме приметиле накубиченото ѓубре само се зголемува и расте. Сведоци сме истата на неколку наврати се пали, не знам дали намерно или случајно но пред 8 месеци сведоци бевме на огромен пожар од кој цел град беше под густ чад и смрдеа цели 3 дена. Јас не знам како тогаш не излеговме цел град на улица за да си го заштитиме нашиот животвели- Бојан Мишкоски-граѓански активист.

Кичевчани со ултиматум до градоначаникот Дехари,или ќе ја дислоцира депонијата на која се одлага отпад од град и околните места, или ќе му се случи народ.

Реклама

Јас моментално сум клиент на хематологија и таму професорите ми кажуваат дека од Кичево има најмалку 700 пациенти од таа депонија и од Осломеј,значи градов е гроб;Овој проблем се провлекува веќе 7-8 години без никакво решение,не знам што да направат граѓаните за да може ова да се реши.Сепак институциите треба да си ја завршат работата,затоа се и платени; Најискрено ние сме најзасегнати на 30 метри од куќата ни е дивата депонија.Решение не се гледа дека има, така да само се носи ѓубре, а да се дислоцира нема шанси.Ние мора некоја граѓанска иницијатива да превземеме оти ова не се трпи повеќе

Граѓаните бараат од општината и јавното комунално претпријатие веднаш да се отстрани целиот отпад, просторот каде се трупа отпад да се дезинфицира и да се започне постапка за изградба на современа депонија по еколошки стандарди депонија,во спротивно ќе превземат радикални мерки кои нема да имаат нити партиска,нити национална или религиска позадина,оти сите го дишеме истиот воздух. Ова не смее да остане вака, имаме право на здрава живот на средина велат.Градоначаникот на Кичево,Фатмир Дехари вели дека се обидувале да управуваат со отпадот но немале каде да го носат, спасот го гледа во изградба на регионалната депонија во Новаци.