Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Ќерката на осомничената градежна инспекторка: Кумановскиот суд ја држи мајка ми во притвор без причина

Основниот суд во Куманово го продолжи за уште еден месец (4-ти по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основниот суд во Куманово го продолжи за уште еден месец (4-ти по ред) притворот на градежната инспекторка која беше приведена во ноември поради примање поткуп. Семејството на осомничената го обвини судот за тортура бидејќи сметаат дека нема веќе причини за притвор бидејќи истрагата е завршена, а за неколку дена е закажано и првото судско рочиште.

Покрај тоа семејството посочи дека осомничената има неколку посети на болница, има и хронични болести и болнички уверенија дека не може да се лекува во затворски услови.

„Кумановскиот суд сето тоа го заташкува и донесува ослуки во нечиј личен интерес, а не во интерес на законот. Веќе 4-ти месец го крши законот и врши тортура врз мојата мајка и нашето цело семејство. Дали ова е начин да се прикрие вмешаноста на некој од судиите и дали се плашат дека ќе излезе и изнесе некои информации ако биде пуштена во куќен притвор“, изјави Нена Трајковска, ќерка на осомничената, на прес конференција пред кумановскиот суд.

Реклама

На почетокот на истрагата, притворот е определен поради можност од влијание на сведоци и истрага. Од обвинителството соопштија дека го барале притворот затоа што сметаат дека мерката е неопходна поради сериозноста на случајот. Досега во истрагата се преземени потребните дејствија за да обвинителниот акт биде издржан, изјавил за МТВ, обвинителот од Куманово, Зоран Марковски.

Градежната инспекторка вработена во општина Куманово беше уапсена на почетокот на ноември поради барање мито од познат градежник во Куманово.

„На 25.9.2024 година граѓанин пријавил дека овластениот градежен инспектор Л.Т вршела контрола на објект што тој го градел и на записник констатирала отстапување од одобрението за градбаење. За да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежното ОЈО или суд, му побарала поткуп. Најпрво сума од 1.500 евра, за на 31.10.2024 година да ја покачи сумата за поткуп на 4.000 евра. На оштетениот му се дадени технички обработени пари, кои тој денеска во ресторан во Куманово и ги дал на Л.Т.. Откако Л.Т. ги зела парите, била лишена од слобода од страна на полициски службеници при СВР Куманово“, соопшти кумановската полиција.