Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Кекеновски: Ако од Македонија се очекува да ги исполни обврските, сосема е оправдано и Бугарија да ги преземе меѓународните обврски

Без општ консензус на политичките субјекти во Македонија, не се можни уставни промени. Затоа, секаков обид за надгласување на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не е реална политичка опција. Пораките што премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, ги упати вчера до опозицијата се јасни, недвосмислени и политички конзистентни, смета професорот Јове Кекеновски. „Без општ консензус и без најголемата […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без општ консензус на политичките субјекти во Македонија, не се можни уставни промени. Затоа, секаков обид за надгласување на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не е реална политичка опција. Пораките што премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, ги упати вчера до опозицијата се јасни, недвосмислени и политички конзистентни, смета професорот Јове Кекеновски.

„Без општ консензус и без најголемата политичка партија, односно без најголемата партија ВМРО-ДПМНЕ, уставни промени не се возможни и не се реална опција. Тоа е политички факт кој мора да се земе предвид. Во демократски услови, за прашања што директно го засегаат државниот интегритет, суверенитетот, уставниот поредок и стратешката иднина на една држава, не може да се градат решенија врз основа на политичко надгласување.“

Кекеновски тврди дека станува збор за неоспорен факт – дека поранешната власт недоволно се грижела за идентитетските прашања поврзани со македонскиот народ, како и дека добрососедските односи со Бугарија, на патот кон членството во ЕУ, најдобро ќе биде да се градат врз принципот на реципроцитет.

Реклама

„Ако од Македонија се очекува да ги исполни преземените обврски, сосема е оправдано и Бугарија да ги преземе меѓународните обврски, вклучително и пресудите донесени од Меѓународниот суд за човекови права.“

Професорот вели дека секое нереципрочно прифаќање на отстапки, без јасни гаранции, создава впечаток дека едната страна преговара со однапред договорени отстапки, а тоа, во нашиот случај, веќе се покажа како многу штетна постапка во креирањето на меѓународната политика.

Срѓан Ивановиќ