Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Ќе замре ноќниот живот во Струга и Охрид, газдите на клубовите не можат да испорачаат основни услови за заштита од пожар

Дел од звучните кабареа и ноќни клубови во Охрид и Струга познати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дел од звучните кабареа и ноќни клубови во Охрид и Струга познати по бројните концерти кои таму се одржуваа секое лето, ова сезона нема да работат.Се откажале од угостителската дејност бидејќи им било скапо спроведувањето на мерките согласно правилникот за заштита од пожари.Вонредните контроли покажале дека не го применувале доследно законот за заштита и спасување.Немале систем за автоматско откривање на пожари,вратите се отворале на погрешна страна, хидрантската мрежа не функционирала во целост.И ова се занемарливи проблеми во однос на тоа што инспекторите го утведиле, дека наместо со огноотпорни ѕидовите биле обложувани со лесно запаливи матерјали.

 “И ние како институции не сме усогласени и ни се случуваат проблеми што ни се случија.Пример од аспект на животна средина при општина Охрид со цел да се намали бучавата на околните објекти ги тераат сопствениците да редат сунѓери да прават изолација.Од мој аспект тоа е недозволиво, затоа што сунѓерот гори секундарно брзо и сега јас сум доведен во ситуација тие го постелиле објектот со сунгер, јас сега ги терам уште еднаш да го постелат со огноотпорен матерјал кнауф.Затоа што согласно правилникот за мерките огноотпорноста на таванот мора да биде минимум 30 минути, а на ѕидовите 2 часа” –вели Сашо Тодороски-инспектор за заштита и спасување

Вакви сериозни пропусти се воочени во голем број угостителски објекти во државава.За оние кои сепак ќе одлучат да работат, се ситни рокот од 30 дена кој го имаат на располагање за да ги подготват сите плански документи и да ги спроведат сите мерки согласно правилникот за заштита од пожари.Со децении се прогледувало низ прсти при доделување на лиценците за работа.

Реклама

 “Некои објекти имаат, што се градени во квалитетни станбени објекти имаат таква квалитетна илозација,меѓутоа некои да не спомнувам имиња што се импровизирани, пренаменети од некои магацини во дискотеки, немаат таква изолација.Со регулаторната гилотина тоа се укина, едноставно му се даваа лиценци без никави проверки и се случи ова што се случи.Најитно е пак да се усогласат законите” – вели Сашо Тодороски-инспектор за заштита и спасување

На 6 угостителски објекти им се изречени парични глоби и се привремено затворени до исполнување на задолженијата.После спроведните контроли совеста проработи кај сите велат од Дирекцијата за заштита и спасување,увередни дека летово сите угостителски објекти кои ќе работат ќе ги исполнуваат сите противпожарни мерки и ќе бидат безбедни.