Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Ќе се забрани ли минување по највисокиот мост на Црн Дрим во Струга?

Ќе се забрани ли минување по највисокиот мост на реката Дрим кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе се забрани ли минување по највисокиот мост на реката Дрим кој само од далеку плени со својата убавина, крајно небезбен,трул и искршен тој претставува опасност која не ја воочува само струшката локална власт. Од таму шест дена не реагира на укажувањето од Центарот за управување со кризи да ја проценат неговата безбедност пред да се случи трагедија.

” Регионалниот Центар за Управување со кризи Струга, го извести одговорното лице од струшката локална самоуправа.Изестувањето е испратено телефонски и преку електронска пошта. Од тој момент Регионалниот центар нема други повратни соодветни информации од општината. Од визуелен увид на одговорниот раководител на струшкиот Регионален центар на мостот е извршена минимална реконструкција со промена на неколку даски кои се поставени на место на старите дотраени трули даски. Регионалниот Центар за Управување со кризи нема надлежност да утврдува безбедност, начин и постапка на извршување на градежните работи, како и согласност – дозвола за санација.”, велат од ЦУК

Бидејќи од општина Струга една деценија не мрднале но прст да го санира мостот,работата во свои раце ја зедоа петмина стружани кои волонтерски го санираа мостот.

Реклама

 “Штом припаѓа на општина Струга,сигурно не треба општина Дебар да го поправа.Како што гледате овај мост како што е поставен не е апсолутно ништо инвестирано во него и е општа опасност за секој минувач.Иницијативата наша беше просто и едноставно нашите деца тука се капат,конкретно детето мое се повреди на мостов и кога ми кажа како и  што се случило дојдов да видам и навистина беше ситуацијата очајна”-вели Коста Хјохи-граѓански активист

 “Нас тоа веќе не не изненадува,Струга и стружани се оставени сами на себе без оглед на етничката припаднст на која припаѓаат.Сметаш дека треба да се забрани минување по мостот ? Пред да се премине кон таа опција сметам дека првично треба надлежните органи да направат што е можно овој мост да се задржи односно да се ревитализира, да се заменат трулите даски” –вели Глигорие Ќатоски-граѓански активист

Инаку на истата локација претхно бил изграден мост во 1987-ма година за  24 години подоцна да биде срушен. Во 2016-та бил изгаден новиот мост кој  крајно девастиран,тешко дека ќе ја доживее староста на претходниот мост бидејќи е резултат на долготрајна негрижа.