Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Прилози

Ќе се реновира Охридската болница: Обнова на старите објекти и подобрување на условите за пациентите

Ќе се реновира охридската општа болница која со своето 6 децениско постоење,е…

Сподели:

Ќе се реновира охридската општа болница која со своето 6 децениско постоење,е најстара секундарна здравстена установа во регионов.Дел од објеките во кои што се сместени повеќе одделенија,амбуланти како и дневната болница каде секојдневно се вршат прегледи и примаат терапии го отслужиле своето. Годишниот план за 2025-та предвидува изведување градежни активности, првенствено онаму каде што има стари прозорци и врати како и дотраен кров.Најкритично е на геријатрија,кожно и медицина на труд-сите три одделенија се сместени во иста зграда која се распаѓа.Новото раководство на болницата веќе започна со целосно санирање на состојбите.

 Интерното одделение пред 30-тина дена целосно заврши неговото реновирање,доби еден нов лик, се смена и дограма, се направија внатрешни градежни активности.Нашиот план согласно сретствата е да се реконструираат и другите одделнија во интернистичката зграда како и во делот за геријатрија и кожни заболувања каде што навистина се дотраени објекти”-вели Др. Горан Маркоски-директор на општа болница Охрид

Болницата ќе се ослободи и од азбестните канцерогени покриви на објектите кои, претставуваат реална опасност по здравјето на луѓето.Во текот на идниот месец се прават напори повтороно да се стави во фунција и модуларната болница. Станува збор за објект од 620 метри квадратни кој што е во добра состојба и навистина ќе ни послужи, вели директорот.

Реклама

 Неколку пати имам извршено увид во објектот,основниот проблем е во однос на кондензација која што се создава моментално во модуларната болница.Има уште неколку критериуми во однос на водо, едектроинсталација како и под и кров кои што треба ние како болница да го репаритаме како би добиле согласност за користење на модулатната болница”-вели др Маркоски

Пациентите заслужуваат достоинствени услови и ние тоа ќе им го овозможиме, вели Маркоски.Инаку за потсетување во рамки на болницата во 2013-та се изгради целосно нов блок во кој се сместени хирургија, урологија, одделнието за уво нос и грло како и гинекологија.Проектиран по европски стандарди тој е еден од најсовремните во државава.

Росица Голабоска