Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Ќе има ли кој да ги лекува онколошките пацинети? – Aлармантен е трендот на одлив на лекари

Државното здравство ги губи најдобрите. После сите скандали проврзани со онкологија, Клиниката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државното здравство ги губи најдобрите. После сите скандали проврзани со онкологија, Клиниката останува и без еден од најдобрите доктори во оваа установа. Онколошките пациенти разочарани на социјалните мрежи алармираат за заминувањето од клиниката на докторката Даниела Попоска, и исплашено прашуваат ќе има ли кој да ги лекува? Според коментарите, нивната надеж за брзо оздравување им била токму таа, која сега веќе преминува во приватното здравство. Директорката на онкологија Виолета Клисаровска информира дека сите нејзини пацинети од одделот за третман на малигни тумори на дојка ги преземеал друг специјалист, но за одливот на лекари и таа е загрижена.

“Недостатокот на кадар е голем проблем воопшто со целиот здравствен кадар, не само со доктори. Постојано на тоа се укажува и во моментов имаме активно барање до МЗ за вработување” – вели директорката на онкологија, доктор Виолета Клисаровска.

Бројот на онколошки пацинети секојдневно се зголемува, а бројот на доктори е се помал на клиниката – дали ќе преземе нешто ресорното министерство, одговор не добивме.

Реклама

Болните со канцер,според наши информации се соочуваат со немање на соодветна терапија, која пак може од свој џеб да ја купат во некоја соседна земја. Опасност има и од недостиг на постоечите лекови по новогодишните празници. Немаат ниту термини за потребните испитувања.

Јас после четири месеци добив термин за скен на коски, имам пријателка која што чека читање на веќе направено снимање на гради, таа веќе три недели чека да и ги прочитат резултатите.Што ја комплицира нејзината состојба, која што веќе е лоша.Постојано е проблемот со наоѓање на термини, за пет скен се чека 5 месеци па и доколку ви пишат дека е итно вели Ана Марјановиќ, онколошки пациент.

Инаку, според информациите од Македонското лекарско друштво, за една деценија, Македонија загубила околу 2.000 лекари.

Главни причини за одливот на доктори се недостигот од современа опрема, ниските плати и работното оптоварување.