Реклама
Македонија

Казна за возачот, истрага за полицаецот за Поршето во Дебар Маало

Возачот кој несовесно го паркираше своето Порше во Дебар Маало  е казнет.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Возачот кој несовесно го паркираше своето Порше во Дебар Маало  е казнет. Од МВР информираат дека настанот, кој сега стана актуелен на социјалните мрежи, се случил пред повеќе од десет дена, а покрај тоа што возилото било кренато од пајак службата, несовесниот шофер, добил и добил и платен налог од полицијата. Од Министерството за внатрешни работи потенцираат дека возилото кое беше објавено на социјалните мрежи не е во сопственост на припадник на полицијата.  

онкретниот настан се случил на 22.03.2025. Имено, возилото е подигнато од страна на ПОЦ, а од страна на СВР Скопје преземени се мерки по член 63 став 6 од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и на возачот на возилото С.К. издаден му е платен налог. Исто така ве информираме дека предметното возилото не е на полициски службеник, соопштија од МВР.

Пред внатрешната контрола на МВР ќе одговара и полицаецот кој не сакаше да нареди кревање на возилото, иако на видеото објавено на социјалните мрежи јасно се гледа дека е погрешно паркирано.

Реклама

-Во врска со постапувањето пак на полициските службеници при подигнувањето на возилото, веќе постапува Одделот за внатрешната контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и по завршување на целокупната постапка соодветно ќе ја известиме јавноста, соопштија од МВР.

Иако случајот е од пред речиси две недели, видеото сега стана актуелно на социјалните мрежи.

-Службено возило, кое е ова службено возило Порше бе кажи ми. Четири саати седи овде, ништо не правите. Пиши му казна, казна пиши му…, се слуша во дел од реакциите на граѓаните.

За разлика од претходно последниов период може да се забележи дека полицијата работи многу поажурно за решавање на законските прекршувања. Пајак возилото беше актуелно и пред пет години, но тогаш дека повредило полицајка. Јасмина Ангелеска во 2020-та првично изјави дека била нападната од тогаш моќниот функционер на ДУИ Бекир Асани, бидејќи сакала да му пише казна за непрописно паркирање, но потоа ја промени изјавата дека се повредила откако сама се удрила од „Пајакот“. По промената на изјавата доби и прием кај тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Матеја Петровски