Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Македонија

Катица Јанева сакала спогодба- била против затвор за осомничените во „Поштенска банка“

Катица Јанева барала спогодба за исплата на штета наместо затворски казни за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Катица Јанева барала спогодба за исплата на штета наместо затворски казни за осомничените во случајот „Поштенска банка“ на СЈО, ова денеска пред судот во улога на сведок го кажа обвинителот Бурим Рустеми, кој беше дел од Обвинителството на Јанева.

Застапникот на овој предмет, сведочеше и дека кога се подготвувале предлозите за замрзнување на имотот на осомничените, шефицата на СЈО дала насока еден од становите на Томе Главчев, да не биде опфатен, бидејќи ќе добиел нов сопственик. За кој подоцна испаднало дека е поранешниот директор на МЕПСО, Сашо Василевски, кој важи за близок пријател на Катица Јанева. Рустеми вели ова сознание до кое стигнал со помош на колешката Лиле Стефанова не било воопшто пријатно.

-Следуваше подготовка за предлози за замрзнување на имоти на дел од осомничените, за Томе Главчев и Ратко Димитровски. Беше утврден нивниот имот кој го поседуваат тие и нивните компании и се подготвуваа предлозите да се забрани отуѓување. За еден стан кој се наоѓа во Скопје, сопственост на едно од друштвата на Томе Главчев, Катица Јанева побара истиот да се тргне од замрзнување зошто тој бил продаден на нејзини пријатели и со тоа би нанеле штета на купувачите. Јас го сторив тоа, порача Рустеми пред судот.

Реклама

Рустеми не сакаше исказот да коментира пред медиумите, а најави дека за неколку месеци ќе се знае дали предметот „Поштенска банка“ ќе заврши со обвинение.

-Па има уште неколку месеци… Најверојатно ќе одлучиме откако ќе се заврши, изјави кратко Рустеми.

Одбраната немаше прашања кон денешниот сведок. Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска изрази задоволство од сведочењето на Рустеми.

-Исказот беше коректен, само го потврдува она што ние го велиме, дека Катица Јанева воопшто ниту влијаела, ниту се мешала во постапувањето на обвинителите, изјави Фрчкоска.

Рустеми сведочеше и дека Катица Јанева побара од него на Главчев да му го врати пасошот, со гаранција од еден милион евра. Тој кажа дека во дискусија со колегите, одлучил да прифати земајќи ја во предвид висината на сумата.

Матеја Петровски