Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Касаноф: Ја гледаме искреноста и посветеноста на Владата на европските интеграции и неопходните реформи

Ја гледаме искреноста и посветеноста на Владата на европските интеграции и неопходните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ја гледаме искреноста и посветеноста на Владата на европските интеграции и неопходните реформи, не само во она што го зборува, туку и во она што го прави, истакна заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Александар Касаноф, по заедничката средба со претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Мицкоски, пак, рече дека она што и останува на земјава е да бара решение за отпочнување и завршување на процесот за пристап кон Европската унија, а во меѓувреме, како што рече, да ги завршиме домашните задачи во врска со владеење на правото и борбата со криминалот и корупцијата.

– Она кое што останува на нас е да бараме решение овој процес да отпочне и да се заврши. Ние не сакаме да се натпреваруваме во оваа трка само за да почнеме, туку сакаме и да го завршиме. Такво решение треба да бараме кога ќе почнеме, колку сме направиле, колку реформи сме испорачале, колку сме брзи во тој процес, да го завршиме и, како што кажа господинот Касаноф, да го завземеме нашето природно место во рамките на ЕУ … А во меѓувреме, треба да си завршиме и многу домашни задачи. Тука е борбата со криминалот и корупцијата, нешто за кое што јас шести месец зборувам, нешто за кое што граѓаните нас не обвинуваат како Влада, зошто сме немоќни да испорачаме одговорност, зошто некои луѓе не се одговорни, а сите знаеме што направиле и како направиле, рече премиерот.

Реклама

Во делот на економските реформи, Мицкоски рече дека се постигнуваат резултати во делот на подобрување на стандардот на живеење на граѓаните, дисциплината во институциите.

-Сето тоа претставува домашна задача. Ова се две паралелни улици, два паралелни булевари кои мораме да ги одиме и многу е важно дека зависат од нас, а ние се ќе направиме што е во наша моќ ова да го испорачаме, посебено кога станува збор за реформите и сето она што претставува домашна задача, рече премиерот.

Прашан дали може да се очекува проширување на црната листа, заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен БалканКасаноф рече дека не може да коментира детали во моментов, но како што рече, тоа е нивен приоритет и е нешто на кое што САД.

– Сакам да подвлечам дека нашата поддршка за борбата против корупција е нешто што ние го сфаќаме многу сериозно во САД и нешто со што се справуваме на неколку начини тука во Македонија. Имаме неколку програми кои што ги користиме за да можеме да ги поддржиме напорите за борба против корупцијата. Што се однесува до црната листа или санкциите, не можам да коментирам за детали во моментов, но можам да ве уверам дека тоа е наш приоритет и е нешто на што работиме, рече Касаноф.

Во врска со поддршката на САД за земјава и доаѓањето на новиот претседател Доналд Трамп во јануари, Касаноф во одговор на новинарско прашање рече дека не може да зборува за новата администрација која што треба да дојде, но, рече, она кое што може да го каже е дека во преостанатите месеци до крајот на администрацијата на Бајден, САД ќе продолжи да ги вложува своите напори за тековните реформи во земјава.

– Несоодветно е за мене да зборувам за новата администрација која што треба да дојде, тоа зависи од нив, но она што можам да ви го кажам е дека во преостанатите месеци до крајот на администрацијата на Бајден, ние ќе продолжиме да ги вложуваме нашите напори и политики што се однесуваат до Македонија, да ги поддржуваме реформите за тековните реформи за нејзиниот пат кон ЕУ, рече Касаноф.