Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Касами: Не сме за предвремени избори, но и да има Вреди ќе победи

Градоначалникот на Тетово и еден од копретседателите на партијата Вреди Биљал Касами…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Тетово и еден од копретседателите на партијата Вреди Биљал Касами денеска на барање на новинарите ги коментираше актуелните политички состојби и искажа став за евентуални предвремени парламентарни избори. Како партија не сакаат да има предвремени избори, но смета дека се подготвени доколку ги има. 

– За предвремени избори ние како „Вреди“ сме подготвени утре да се објават, но како дел од владината коалиција и како дел од локалната власт, сме во реализација на програмата, тоа што сме го нуделе на граѓаните, така да ние не бараме предвремени избори, истакна Касами. 

Тој изрази уверување дека „Вреди“ би извојувала победа на избори. 

Реклама

– Уверени сме дека и да има предвремени избори, пак „Вреди“  нели ќе биде победник во албанскиот блок и ќе биде дел од Владата и ќе ги води општините и понатаму. Така да наш приоритет е реализација на тоа што е понудено, а ако има предвремени избори сме подготвени и сме убедени дека ќе бидеме апсолутни победници, посочи Касами. 

 Тој денес во просториите на Општина Тетово заедно со директорите на јавните претпријатија и раководителите на секторите одржи брифинг со новинарите.