Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Карпошаните Марин и Ена Иванови со значајни скијачки успеси

Младите скијачи од Карпош, Марин и Ена Ивановски, зад себе имаат успешна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Младите скијачи од Карпош, Марин и Ена Ивановски, зад себе имаат успешна сезона исполнета со значајни резултати на домашни и меѓународни натпревари.

Како што соопштуваат од локалната самоуправа, Марин Ивановски, ученик во осмо одделение во ООУ „Димо Хаџи Димов“, во сезоната 2025/2026 година е прогласен за државен првак во дисциплините слалом и велеслалом, како и за првопласиран во генералниот пласман на Алпскиот куп при Скијачката федерација на Македонија (СФМ) во категоријата до 14 години.

На меѓународните натпревари, Марин го освои второто место на ФИС-трка за деца до 14 години во дисциплината велеслалом, додека во слалом, на натпреварот во Арџена, Косово, се пласираше на третото место.

Реклама

-Успешна сезона има и Ена Ивановска, поранешна ученичка во ООУ „Димо Хаџи Димов“, која е првопласирана во генералниот пласман на Алпскиот куп при СФМ во дисциплините слалом и велеслалом. Марин и Ена се долгогодишни членови на Ски-клубот „Меденица“ – Скопје, кој е прогласен за најдобар клуб во алпско скијање во земјава, Општина Карпош им упатува честитки на Марин и Ена Ивановски за постигнатите резултати и им посакува нови успеси во идните натпреварувања, стои во соопштението.