Реклама
Македонија

Кардиолози: Срцето е мал, но моќен орган и центар на животот – да се грижиме за него

Срцето е мал, но моќен орган и центар на животот – да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Срцето е мал, но моќен орган и центар на животот – да се грижиме за него, порачаа кардиолозите на Светскиот ден на срцето. Лекарите алармираат дека во пораст се срцевите заболувања кај популацијата под 40 години. Според нив превенцијата е еден од главните приоритети,и затоа е потребно навремено дијагностицирање.

И пациентите кои се соочиле со срцеви заболувања, велат дека борбата со болеста е тешка, но благодарение на нивните успешни третмани на Клиниката за кардиологија им го продолжиле животот без ограничувања.

На 38 годишна возраст добив дијагноза дека сум така родена, со ВПВ синдром. За мене имаше решение и изведена ми е интервенција од тимот електрофизиолози кај доктор Јанев и сега го живеам животот без ограничувања и без последици, рече една присутна пациентка.

Реклама

Изразувам голема благодарност за докторите Талевски, Поцеста и Пејков. Операцијата беше тешка, ама еве сум жив. Сега пешачам, а претходно не можев да функционирам бидејќи пулсот ми беше 200, истакна друг пациент.

Доктор Јорго Костов посочи дека раното доаѓање на лекар е многу важно за здравјето на срцето, бидејќи чекањето може да биде фатално.

“За жал, возраста се намалува. Тоа е фактички придонес од севкупниот начин на живот, темпото на живот. Покрај многуте други фактори, можеби еден од најголемите, исто така е и факторот стрес. Тоа е причината што многу млади луѓе се јавуваат со проблематики, симптоми. Во многу порана возраст од тоа што беше случај во претходните години. Секако дека тука е семејната оптовареност исто така, секој пациент е индивидуа сам за себе” посочи доктор Костов.

Директорот на Клиниката за кардиологија,д-р Беким Поцеста посочи дека срцето како мал, но, моќен орган, е центар на животот, неуморно работи без одмор и пауза.

Наша должност е да водиме грижа за него со истата посветеност. А, тоа не бара многу. Бара – 150 минути умерена физичка активност неделно, водење грижа околу исхраната, регулирање на крвниот притисок, шеќерот и мастите во крвта, прекинување на употреба на никотин и ограничување на внесот на алкохол“, дециден беше директорот.

Статистиката покажува дека лани во Македонија секој ден умирале 25 лица поради кардиоваксуларни заболувања кои се прва причина за смртност на глобално ниво. Лекарите велат дека 80 проценти од срцевите заболувања можат да бидат спречени. Услов за тоа е превенција на ризик факторите.