Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Економија

Капитални инвестиции и нови проекти во Ѓорче Петров во првите 100 дена од новиот мандат на градоначалникот Стојкоски

Во првите 100 дена од новиот мандат градоначалникот Александар Стојкоски и Општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во првите 100 дена од новиот мандат градоначалникот Александар Стојкоски и Општина Ѓорче Петров реализираа низа инфраструктурни, образовни и развојни активности, со фокус на капитални инвестиции и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Советот на Општината, како што се наведува во соопштението, го донесе развојниот буџет за 2026 година во износ од 1,45 милијарди денари, од кои речиси 60 проценти се наменети за капитални инвестиции, односно над 596 милиони денари за конкретни проекти на терен.

Стојкоски истакна дека резултатите се доказ за посветената работа на општинската администрација.

Реклама

– Во изминатите 100 дена покажавме дека со јасна визија, одговорно управување и постојана работа на терен може да се постигнат видливи резултати. Нашата цел останува рамномерен развој и подобар квалитет на живот за сите жители – рече тој.

Во делот на инфраструктурата, како што се наведува во соопштението, реализирани се нови улици и локални патишта во повеќе населени места, при што се изградени над 10.300 метри нови коловози, 800 метри нови патишта во Кучково, нов пат во Никиштани, како и нови патни решенија во Орман. Изграден е и новиот главен пат Ново Село – „Св. архангел Гаврил“, а реконструирани се улици во Стопански Двор и улицата Воин Драшкоци во Хром, каде што е поставена и атмосферска канализација.

Дополнително, воспоставена е нова топловодна инфраструктура во населбата Александрија, со што се обезбедува почист начин на греење и намалени трошоци за домаќинствата, а преку чистење на каналската мрежа се решаваат долгогодишни проблеми на улиците Радушка и Арсени Јовков.

– Во образованието се реализираат инвестиции во вредност од 150 милиони денари, вклучително и доградби на основните училишта „Димитар Поп Георгиев-Беровски“, „Јоаким Крчоски“ и „Страшо Пинџур“. Во училиштето „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ се воведува еколошки систем за греење, а преку меморандум со UNOPS во рамките на проектот „ЕУ за чист воздух“ се планира поставување топлински пумпи во училиштата и градинките. Обезбедена е и нова информатичка опрема за училиштата „Мирче Ацев“ и „Страшо Пинџур“, како и целосна обнова на училишните санитарни јазли во ООУ „Ѓорче Петров“, со пристапност за лица со попреченост – се посочува во соопштението.

Во тек е и изградбата на новата детска градинка во населбата Дексион. Општината продолжува со финансиска поддршка од 8.000 денари за секое новороденче и најавува нови мерки за младите, меѓу кои субвенции за обука и полагање возачка дозвола.

Во областа на спортот и младите се реализира изградба на нов спортско-рекреативен комплекс на „Шидска“, спортски комплекс на Полјана, обнова на спортските терени во ООУ „Тихомир Милошевски“ и поставување две текбол-маси преку европски проект, како и нова рекреативна зона во Дексион. Општината активно учествува и во европски иницијативи, меѓу кои проектот UrbanGreenLeap за мултифункционален парк во Волково преку програмата Interreg Euro-MED, како и културната иницијатива „Скопје 2028“.

– Овие 100 дена се само почеток. Продолжуваме системски, одговорно и транспарентно, со јасна насока за развој на Ѓорче Петров – додаде градоначалникот Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров најавува продолжување на почнатите проекти и нови инвестиции во наредниот период, со фокус на инфраструктура, образование, животна средина и поддршка на семејствата и младите.