Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Камчев: Граѓаните на општина Валандово пијат небезбедна вода од застарени водоводни мрежи затоа целосно ќе ја обновиме

Ѓоко Камчев, кандидат за градоначалник за општина „Валандово“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ѓоко Камчев, кандидат за градоначалник за општина „Валандово“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и ја објасни моменталната состојба во општина Валандово, поединци ја држат општината во заложништво, граѓаните пијат небезбедна вода, а одредени места немаат ниту основна инфраструктура.

„За жал,  денес неколку луѓе ја држат општината во заложништво, владеејќи зад затворени врати, без јавни дебати и без отчет. Се кријат во кабинетите, далеку од граѓаните, од проблемите, од вистината. Додека трошат милиони евра на затворен базен граѓаните на општина Валандово пијат небезбедна вода од застарени водоводни мрежи со огромни загуби, граѓаните на Раброво, Собри, Марвинци, Брајковци, Балинци, Чалакли, Башибос, Дедели газат во кал и немаат основна инфраструктура која законски им следува. Секојдневно дишеме чад од депонијата Сува река. Секојдневно облаци од отровен чад надвиснуваат над нашата општина, а ветуваа здрава животна средина“, објасни Камчев.

Камчев се осврна на проектите од изборната програма и најави реконструкција на водоводната мрежа во Валанадово, како и реконструкција и изградба на улици и патишта во секое населено место.

Реклама

Реконструкција и модернизација на системите за водоснабдување, од физибилити стидија, проектна документација до конечна изведба. Удово, Јосифово и Горна Маала мора да добијат стабилно и квалитетно водоснабдување, конечно во Калково, сувиот резервоар ќе се полни со чиста вода за пиење, реконструкција на водоводната мрежа во Валандово, реконструкција на водоводните мрежи во бојмиските населени места,  во Чалакли, Дедели, Собри и Грчиште ќе изградиме системи за одведување на отпадните води, ќе ги решаваме проблемите со атмосферските води во Пирава, Јосифово и останатите населени места. Ќе реконструираме и изградиме над 30 километри улици и патишта во секое населено место, и во Башибос и во Дедели и во Брајковци, Балинци, Марвинци, Грчиште, Горна Мала, и во Калково, Раброво, Чалакли, Казандол“, рече Камчев и додаде:

„Ќе ги реконструираме училиштата во Марвинци, Брајковци и Удово. Ќе градиме и реконструираме повеќенаменски игралишта во Дедели, Башибос, Марвинци, Удово, Балинци, Раброво, ќе го реконструираме градскиот стадион во Валандово, преку реконструкција на трибинскиот дел, и изградба на нова соблекувална и атлетска патека. Ќе ја довршиме реконструкцијата на стадионот во Пирава и пристапот до истиот. Ќе изградиме спортски сали во Пирава и Брајковци и мултифункционална сала за спорт и културни манифестации во Чалакли“.

На крај Камчев ги повика граѓаните да гласаат за бројот 9, за општината повторно да биде општина за пример.

“Направете го вистинскиот избор за заедно да започнеме да го градиме Валандово. Ова е борба за нашето достоинство. За нашата заедничка иднина и за нашето место. За Валандово да биде општина за пример, а не општина на безнадежност, гласајте за бројот 9“, истакна Камчев.