Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Како се ближат локалните избори, така расте самоволието на струшкиот градоначалник

Узурпацијата на струшкото крајбрежје нема крај, се приграбува секоја слободна површина, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Узурпацијата на струшкото крајбрежје нема крај, се приграбува секоја слободна површина, а надлежните од општина Струга не вршат никаква контрола ниту надзор на градбите кои никнуваат,на плажите. Крајбрежје не е приваен имот,револитрано реагираат сопствениците на 260 апартмани во Еврохотел пред чиј објект се изгадија угостителски објекти, а плажите се послани со лежалки.Бараат да се стави крај на нелегалната масовна урбанизација,оти владее невиден хаос.Мерко чиј универзитет се наоѓа во непосредна близина и постојано бил тука наместо да го реши проблемот,се подбивал со нив.

”Слушаме дека на овие плажи се издаваат имотни листови и тука се појавуваат сопственици кои што тврдат дека плажата е нивна.Имавме обиди да се оградат плажите, да нема пристап што е и случај кога ќе тргнете од Струга наваму ретко каде имате прилаз до плажа, поставени се огромни капии”- Јосиф Јорданоски,здружение на граѓани

” Тврдат овие што градат шанкови овде дека земјиштето го имаат добиено со денационализација и на телефон ми покажуваат од ‘57 година што имале покрај крајбрежјето дедо,баба и до денеска дека сега го денационализирале и дека плажата е нивна.Јас се познавам лично и со градоначалникот и му реков ова не во е во ред.Ама ова ќе ви биде гратис? Како гратис на наше земјиште гратис ,ова е плажа за сите”-  Весна Ивановска, здружение на граѓани

Реклама

 “Според законот за води секое земјиште што е до 50 метри во внатршноста од брегот не подлежи на закон за денационализа или приватизација”-вели Игор Чекичевски,здружение на граѓани

Ќе го санкционира ли некој ваквото безумно однесување на Мерко,прашуваат граѓаните и бараат одговорност,за ваквото дивеење.

“Сигурно има и корупција и криминал тоа не може самовластие да има,мене ми текнало јас да си отворам киоск тука и да продавам што сакам цела плажа да узурпирам” –вели Насер Ислами, здружение на граѓани

“Jас се плашам и ова ви кажувам дека еден ден ако ги чувате овие снимки, дали ќе бидам жив дека и ова ќе го узурпираат ќе измислат некој план урбанистички и ќе изградат” –вели Сашко Дуброски, здружение на граѓани

Ако се продолжи со замижување додека се приграбува целото крајбрежје, некој за ова мора да седне на обвинителна клупа,велат граѓаните кои за последниот случај со плажите кај Еврохотел испратиле допис до сите надлежни институции. Несмее  велат да се премолчува ваквото неодговорно однесување и негрижа за животната средина.