Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Како општество, треба уште да работиме на промена на ставовите кон лицата со попреченост, вели Јаневска

Општините имаат обврска да обезбедат по едно лице-толкувач и за луѓето со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општините имаат обврска да обезбедат по едно лице-толкувач и за луѓето со оштетен вид и за луѓето со оштетен слух и говор, да им помагаат во различни ситуации (кога одат на лекар, во аптека,…). Колку што ми е познато, во одредени општини ова функционира, но ќе мора да се прошири на територијата на целата држава. Стандардизацијата на знаковниот јазик е еден од предизвиците што ќе треба во иднина да се реши и сигурна сум дека ќе се реши. Во однос на употребата на знаковниот јазик, државата колку што може помага тоа да биде достапно за луѓето со оштетен слух и говор и секако, со тек на време ќе се потрудиме да го обезбедиме секаде каде што е најнеопходно, многу широко низ државата, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска која присуствуваше на одбележувањето на Меѓународниот ден на знаковниот јазик, 23 Септември, во ДСУРЦ „Партенија Зографски“.

Јаневска напомена дека како општество, треба уште да работиме на промена на ставовите кон лицата со попреченост.

-Подигнувањето на свеста за нивните права, едукативните активности и комуникација, се начини на борба против стигмата и дискриминацијата, кои не се наша обврска само поради потпишаните документи, туку се наша човечка должност кон секого. Затоа, неопходно е секој од нас да направи чекор за приближување кон лицата со оштетен слух. Да научиме по нешто од знаковниот јазик и така овие луѓе ќе се чувствуваат попријатно во секоја средина каде што се движат и работат, потенцира министерката во обраќањето.

Реклама

Таа потсети дека Македонија е потписничка на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

-Тоа значи дека имаме обврска да ги почитуваме принципите на инклузија и недискриминација и да ги вклучуваме децата и младите со попреченост во образовниот систем, прилагодувајќи го кон индивидуалните потреби. Како Министерство, работиме на отстранување на бариерите и соработуваме со училиштата со ресурсни центри во обезбедувањето дидактички материјали, асистивна технологија и поддршка во употребата на знаковниот јазик. Обезбедуваме континуирани обуки за наставниците за изучување на знаковниот јазик. Зашто, од тоа зависи квалитетот на образованието што ќе го добијат учениците, истакна Јаневска.

Според неа, во ДСУРЦ „Партенија Зографски“, наставниците покажуваат дека може да се најде соодветен начин и средства за комуникација со секое дете, согласно неговите можности.

-Тоа многу ме радува зашто сите наши деца имаат право да учат, да знаат и да стекнуваат вештини кои ќе им користат во животот и работата. Децата со посебни образовни потреби имаат потенцијал да постигнат многу, доколку добијат поголема поддршка од семејството, училиштето и средината во која растат и се развиваат, порача министерката.

Дополни и дека одбележувањето на Меѓународниот ден на знаковниот јазик е добра можност за подигнување на свесноста за децата и лицата со оштетен слух.

-Знаковниот јазик им помага да се „слушнат“ меѓу себе и нив да ги чујат другите. Тој им го олеснува образованието, рече Јаневска и додаде дека подобрувањето на инклузивноста и пристапноста не е само работа на институциите, туку и индивидуална одлука.

На настанот се обратија и претседателот на Собранието Африм Гаши, како и директорката на училиштето, Слободанка Џеповска.

-Знаковниот јазик не е само обичен, мајчин јазик на нашите ученици, туку е темел и вредност, мост за промоција и соработка со сите општествени чинители. ДСУРЦ „Партенија Зографски“ единственото училиште во Република Македонија во кое се образуваат учениците со оштетен слух и говор. Тоа не е само место каде што се образуваат, туку е место во кое го имаме како извор и како темел, како идентитет на нашето училиште, токму знаковниот јазик. Особено сме благодарни на државата и на министерката зашто од минатата година можеме да се пофалиме дека сме веќе ресурсен центар. Ресурсот што овде го имаме во поглед на користење и употреба на знаковниот јазик го проширивме на целата територија на државата, во секое училиште каде што детето одлучило и родителот да се школуваат. Следни предизвици ни се, секако, подобрување на процесот за стандардизација на знаковниот јазик, воведување предмет знаковен јазик и поголема имплементација на глувите лица во средината во којашто живеат, порача Џеповска.

Министерката Јаневска информира дека ова училиште е предвидено за темелна реконструкција веднаш по завршување на изградбата на студентските домови во Македонија.