Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Каја Шукова најавува нов Конгресен центар и Саем: Скопје добива нова визија за развој

Главниот град на државата се подготвува за значајна урбана трансформација преку серија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Главниот град на државата се подготвува за значајна урбана трансформација преку серија инфраструктурни проекти, кои според кандидатката за градоначалник на Град Скопје Каја Шукова, имаат за цел да го позиционираат Скопје како модерен, поврзан и функционален град.

– Скопје е град со дух, со историја, но и со огромен неискористен потенцијал. Нашата визија е Скопје да се развива паметно, плански и храбро со јасни цели и вистински проекти што носат промена, истакна  Шукова.

Според Шукова, која денеска со кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ Влатко Митовски на плоштадот во Автокоманда ја претставија визијата за Градот и општината, во фокусот ќе им биде изградба на модерен Конгресен центар кој, како што рече, ќе го отвори Скопје кон светот и ќе го постави на мапата на меѓународни конгресни дестинации.

Реклама

– Станува збор за економски, туристички и културен ресурс што ќе го постави нашиот главен град на мапата на конгресни дестинации. Со Конгресниот центар, Скопје може да биде домаќин на големи меѓународни конференции, научни и професионални собири и културни настани. Тоа значи дека Скопје нема да губи настани и инвестиции, нагласи Шукова.

Паралелно, се најавува и проектот за нов Скопски саем во општина Гази Баба, кој ќе ја добие улогата на регионален центар за иновации, туризам и домашна индустрија.

– Саемот ќе има модуларни хали, конференциски сали, културни и комерцијални содржини, простор за мали и средни претпријатија, за домашна индустрија и за креативни сектори. Овој проект отвора нови пазари, ги поврзува локалните производители со странски партнери, и создава услови младите да останат и да работат токму тука во Скопје, појасни Шукова.

Во контекст на овие проекти, кандидатот за градоначалник на Гази Баба Митовски ја претстави визијата за Гази Баба како општина со европски стандарди.

– Нашата визија за Гази Баба не е само листа на ветувања, туку план со јасни и остварливи проекти што ќе го променат изгледот и квалитетот на живот во општината, истакна Митовски.

Најави изградба на современа претоварна станица за шут и кабаст отпад, со цел да се подобри хигиената и урбаната уреденост.

– Со тоа Гази Баба ќе стане чиста, уредна и модерна општина, рече тој.

Во план е и изградба на нов мост што ќе ги поврзе Гази Баба и Аеродром, како и ново сообраќајно решение за директна врска меѓу Хиподром и Инџиково со автопатот.

– Гази Баба ќе добие и нова општинска зграда, со што ќе обезбедиме подобри и побрзи услуги за граѓаните на општината. Ќе го реконструираме културниот дом во Нова Колонија, а ќе изградиме нови градинки во Сингилиќ и Хиподром 2. Ќе го реализираме кружниот тек на улицата „Благоја Стефковски“ со улицата Маџари, а ќе ја прошириме и комплетно реконструираме улицата „Перо Наков“, истакна Митовски и порача дека нивната решеност е Гази Баба да стане општина по европски стандарди.