Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Каја Калас во официјална посета на Македонија

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија, во рамки на нејзината тридневна турнеја низ Западен Балкан. За време на посетата, Калас се очекува да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и ќе пренесе пораки за приоритетите на ЕУ во надворешната политика и безбедноста.

Како што информираат од Делегацијата на ЕУ во земјава, за време на посетата Калас ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата, по што ќе следи заедничка прес-конференција со премиерот во Владата. Подоцна, заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и министерот за одбрана, Владо Мисајловски, Калас ќе учествува на отворањето на дијалогот за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Македонија во рамките на Партнерството за безбедност и одбрана потпишано во ноември 2024 година, кој ќе се одржи во Министерството за надворешни работи во 14 часот. Овој дијалог, како што информираат од Министерството за надворешни работи и трговија, претставува важен чекор во продлабочувањето на соработката меѓу Македонија и Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика, како и во понатамошната интеграција на земјата во европската безбедносна архитектура.

Високата претставничка Калас и министерот за одбрана Мисајловски во 14.30 часот ќе го посетат седиштето на Балканската медицинска наменска сила во касарната „Илинден“, каде што ќе се сретнат со членовите на Постојаната организација на Балканската медицинска наменска сила (БМНС) и ќе видат дел од опремата набавена од страна на БМНС со поддршка на Европскиот мировен фонд. Калас и Мисајловски, исто така, ќе имаат обраќање пред медиумите во врска со соработката меѓу ЕУ и Северна Македонија во областа на одбраната и безбедноста. За време на посетата, како што информираат од Министерството за одбрана, командантот на БМНС ќе изврши краток брифинг за оваа регионална организација и ќе биде презентирана дел од пристигнатата опрема која е донација од Европската унија преку Европскиот мировен фонд.

Реклама

Од 2023 година, Советот усвои три билатерални пакети за поддршка во рамките на Европскиот мировен фонд (ЕМФ) за зајакнување на капацитетите на Армијата на Македонија. Со вкупно 38 милиони евра, ЕМФ во моментов ѝ обезбедува на Македонија воена опрема и обука во областа на логистиката, инженерството, разузнавањето, надзорот и извидувањето и електронското војување, мобилноста, комуникациските и информациските системи, медицинската и опремата за обука.

Македонија, исто така е корисник на поддршката на ЕМФ во рамките на регионалната мерка за помош за Балканската медицинска наменска сила, во износ од 6 милиони евра за обезбедување медицинска опрема и теренски болници.

Посетата на високата претставничка за надворешни работи Калас ќе заврши во Јуроп Хаус каде што ќе разговара со група млади луѓе.

Ова е втора посета на Калас на регионот по нејзиното преземање на должноста, откако претходно од 7 до 9 април престојуваше во Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина. Пред да допатува во Скопје, Калас ги посети Белград и Приштина.