Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Кафаната во Македонија стана луксуз: На некои места за една ракија и една шопска ќе треба да платите цели 10 евра

Кафеаните во Македонија стануваат луксуз.”Изгор” скапите цени ставија клуч на врата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кафеаните во Македонија стануваат луксуз.”Изгор” скапите цени ставија клуч на врата на многу угостителски објекти поради намалена работа. И во тие ресторани кои работат менито е двојно поскапо за разлика од пред неколку години.Најскапи градови и понатаму остануваат Скопје и Охрид. Особено зголемени се цените на салатите, месото и кафето. Една шопска или македонска салата на одредени локации чини и повеќе од 400 денари. Чорба најчесто над 200 денари, порција пилешко се движи до 400 денари, свинското месо од 300 до 500 денари зависно од локацијата на ресторанот или кафеаната, а лосос на скара и до 50 евра. Пиво е околу 120 денари, ракија од 100 до 150 денари за чаша, сок речиси и да нема поевтин од 100 денари.  

Граѓаните велат бранот поскапувања никако не запирал. А скапата живеачка, не им дозволува да седат во ресторан.

За дел од граѓаните, потребно е државата да ги контролира колку-толку цените во  угостителските објекти.Особено се пожалија на скапотијата во Скопје и Охрид.

Реклама

Во Охрид цените се “најсолени”, повисоки отколку на море.Кафе еспресо чини од 180-250 денари. Чаша ракија неверојатни 250 денари. Најефтината пица е 500 денари. Охридски појадок чини дури 400 денари. Таа цена е за две парчиња леб, две јајца „на око“, чадено пилешко, кашкавал или сирење и маслинки. Исто толку пари, чинат пржени лепчиња.

Инаку, според најновата статистика на ДЗС.Од јули лани до јули годинава, угостителските услуги поскапеле за речиси 5 проценти.

Економски експерти прогнозираат дека поскапувањата нема да затанат, тука, зошто инфлацијата и трошоците за работна сила и понатаму ќе влијаат на цените.