Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Култура

Кабарето ,,Концерт за лажици и гитара” на сцената на Драмски театар во рамки на фестивалот РУТА

Со автентичните звуци на мандолина, лажици и гитара изведени во рамки на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со автентичните звуци на мандолина, лажици и гитара изведени во рамки на кабарето ,,Концерт за лажици и гитара” под менторство на Раде Шербеџија и Ленка Удовички, а  во продукцијата  на хрватските театри Улисис и EXIT ќе биде отворена втората вечер на регионалниот театарски фестивал РУТА кој се одржува во Драмскиот театар во Скопје-од каде нагласија дека публиката ќе има можност да види претстави кои се карактеристични за Балканското поднебје.

,,Очигледно дека вечерва Скопската публика ќе има можност да види една добра претстава, којашто очигледно го погодила и местото, но и приказната, затоа што доколку во театарот немате приказна и пикантерија, тогаш театарот ќе ја изгуби својата смисла,, кажа директорот на Драмски Театар Александар Велјаноски

На сцената опстојуваме 24 години и имавме можност да соработуваме со светски познати актери како што се Анџелина Џоли и Раде Шербеџија, но и да се претставиме на театарски сцени низ целиот Балкан изјави Душко Љуштина директор на театарот Улисис

Реклама

,,Заштитен знак на театарот Улисис е претставата ,,Кралот Лир” која до сега е изведена 99 пати, што значи дека идната година ќе биде нејзино 100-то изведување,, изјави директорот на Хрватскиот театар Љубиша Љуштина

Актерското дуо кое ја изведува претставата Марио Јовев и Никола Недиќ кажаа дека претставата опфаќала теми од секојдневниот живот вклучително теми од политиката, социјални проблеми и сатира.

,,Претствата е всушност мозаик на разни наши размислувања и пренесување на специфичен нацин на творење,, нагласи актерот Марио Јовев

,,Ова е претстава која не опишува нас двајцата, но истовремено дава увид во секојдневниот живот со сета сатира и сарказам,, изјави актерот Никола Недиќ

Во рамки на фестивалот публиката покрај хрватскиот театар, публиката ќе има можност да види претстави и од другите соседни земји.

Даниел Ѓорѓевски